Искористете ги Вашите е-Минути!

Живееме во време каде сѐ треба да биде направено побрзо и што поскоро. Ова никаде не е поприсутно колку во е-трговијата. Нарачките сега треба да се исполнат во дадени временски рамки – како достава во истиот ден – кое што повеќе не е невозможно. Како најдобро да се адаптирате на оваа трка? Автоматизација на услугите е очигледен пат, но дали секогаш е најдоброто решение за Вашиот бизнис? Тука треба да се направи разлика помеѓу она што може да се направи поефикасно наспроти она што треба да биде направено поефикасно.

Не го измислувајте тркалото

Во некои околности, може веќе да постојат готови решенија. Земете го Shopify како пример. Shopify е комплетно е-трговско решение кое Ви овозможува да отворите сопствена онлајн продавница. Ви овозможува едноставно да ги организирате Вашите производи, да го уредите изгледот на Вашата продавница, овозможува плаќање со кредитна картичка и следење и одговорање на нарачките. Тоа е особено корисно како готов софтверски пакет за онлајн продавници. Во повеќето случаи, значително поефикасно е да се користи готово решение, наместо да се развива Ваша сопствена верзија.    

Автоматизација наспроти персонализација

Треба да постои видлива корист од зголемување на автоматизацијата наместо таа да се зголемува само поради потребата од трендот на употреба на автоматизацијата. Мора да се погрижите дека примената на автоматизацијата нема да наштети на сметка на нешто друго. Преголемата автоматизација може да ја направи услугата да изгледа како нечовечка и без вложен труд. Ова не враќа повторно на оценувањето на она што може да се направи поефикасно наспроти она што треба да биде направено поефикасно. Проучувањето на оваа дистинкција би им користела на малите и средни претпијатија.  

Поглед кон иднината

Со развивање на подобар софтвер и платформа, станува возможно да се зголеми и ефикасноста и персонализацијата. Обете Magento 2 и Monetate се обидуваат да го подобрат искуството на клиентите во рамките на е-трговијата со заменување на навидум случајни предлози за купување со релевантни препораки и резултати од пребарување, врз основа на неодамнешната онлајн активност на клиентот и интеракции со брендот. Тоа е како да отидете во продавница каде продавачите Ве познаваат и знаат што сакате.

Разговорен интерфејс и chatbots

Иако моментално се на прилично основно ниво, во иднина автоматизираната комуникација ќе биде поинтиутивна и поблиска до вистински разговор. Иако овие интеракции ќе користат вештачка интелигенција, нивото на персонализација што ќе го понудат значително ќе се зголеми, што ќе им овозможи на бизнис сопствениците да се концентрираат на други области од нивниот бизнис. Моделите базирани на претплата, имаат две главни придобивки- создаваат предвидлив прилив на приходи и исто така го ослободуваат времето за управување. Впрочем, ако приходите се стабилни, ќе може да се концентрирате на други задачи.     

Податоци како услуга наспроти голема база на податоци

И двете ќе ја подобрат ефикасноста на услугите неизмерно. Како на пример, обезбедување на постојано ажурирани информации за производот може да биде речиси невозможна задача, особено со голема палета на производи. Ова е местото каде што агрегаторите за податоци се корисни. Тие собираат податоци за милиони производи: слики, описи, споредби на цени, спецификации, UPC кодови, осврти и коментари. Тие создаваат ефикасност, дозволувајќи им на нивните бази на податоци автоматски да ги ажурираат информациите за производите. Големата база на податоци има влијание, со точно предвидување, што ќе биде следното купување на купувачот. Масивните количини на податоци собрани преку интеракции и профили на купувачи може да се експлоатираат преку користење на предвидливи анализи за подобро разбирање на навиките на купување и преференциите на купувачите. Потоа, оваа информација може да се спореди со однесувањето на слични клиенти за да се направат поточни предвидувања.

Искористете ги предностите

За да се искористат е-минутите, бизнис сопствениците треба да ја оптимизираат нивната деловна понуда во корист на клиентите и бизнисот. Постојаниот раст на е-трговијата и онлајн нарачките значи предизвици и можности кои произлегуваат од логистиката и доставата. Управување на бизнисот од дома е во пораст и продавниците работат од мали простории кои прераснуваат во изложбени салони, гардеробери и локации за подигнување. Овие промени значат дека ефикасните системи и навремената достава не се само задолжителни – тие се очекувани.

 

Разговарајте со експерт за е-трговија во DHL Express денес:

 

Поврзани содржини