Европската комисија предложи програма за дигитална Европа

Европската комисија предложи програма за дигитална Европа со која ќе инвестира 9,2 милијарди евра за усогласување на буџетот на ЕУ 2021-2027 со предизвиците кои ги носи тековната дигитална трансформација.

Со стратегијата за дигитален пазар, воспоставена е регулаторна рамка која соодветствува со дигиталната ера. Ваквата рамка треба да се совпадне со програмата за дигитална Европа и со фондовите за дигитална Европа, како би можела да се зголеми меѓународната компететивност на Европа кога станува збор за дигитални вештини. Ваквите вештини опфаќаат широка употреба на вештачка интелигенција, сајбер безбедност, технологија со високи перформанси  но и достапност во економијата и општеството односно употреба од страна на бизнис и јавниот сектор.

Добивките од инвестициите на ЕУ во компјутери со високи перформанси, вештачката интелигенција  и сајбер-безбедноста ќе се материјализираат само ако има доволно квалификувани луѓе да ги користат и развиваат овие нови технологии. Напредниот столб за дигитални вештини вклучен во Програмата за дигитална Европа ќе овозможи проширување на кругот на дигитално квалификувани таленти кои ќе овозможат иновации и прифаќање на нови технологии во економијата. Специфична поддршка ќе биде обезбедена за развој на напредни дигитални вештини во областите како што се компјутерите со високи перформанси, сајбер-безбедноста, вештачката интелигенција и дигиталните јавни услуги. Развојот во овие области ќе биде во соработка со постоечки актери кои работат развивање и имплементација на дигитални технологии, со цел ваквите промени да бидат рефлексија на последните достигнувања во технологијата и да овозможат одговор на секторите кои брзо растат и се развиваат.

Воедно, ќе се стави фокус и на други активности кои ќе развиваат основни дигитални вештини преку Европскиот социјален фонд, дигитални вештини за младите луѓе од Еразмус+ програмата, стипендии за истражувачи од Хоризонт Европа и тренинзи за дигитални вештини за да се поддржат луѓе кои ги изгубиле своите работни места поради големите промени и развојот на технологиите.

 

Извор: Европска комисија