Велика Британија со 10 милиони фунти ќе гради дигитални вештини на Западен Балкан

Министерот за надворешни работи, Борис Џонсон, денеска објави дека Велика Британија ќе помогне со 10 милиони фунти во изградбата на дигитални вештини и можности за вработување на младите луѓе во Западен Балкан.

Официјално беше соопштено и на Самитот за земјите од Западен Балкан од страна на Секретарот за надворешни работи придружуван од министрите за надворешни работи на земјите од Европа и Западна Балкан.

Финансирањето ќе го води Британскиот совет а ќе обезбеди обука за децата во повеќе од 4.500 училишта, за да ја зајакне дигиталната писменост и клучните вештини во регионот. Со обезбедување пристап до дигиталното образование, ова финансирање ќе помогне да се поттикне следната генерација на иноватори и претприемачи, како во Западен Балкан така и во Велика Британија. Британскиот совет е меѓународна организација на Обединетото Кралство за културни односи и образовни можности. Работи со повеќе од 100 земји од областа на уметноста и културата, англискиот јазик, образованието и граѓанското општество.

Секретарот за надворешни работи ќе ја повтори посветеноста на Велика Британија кон Западен Балкан, најавувајќи дополнителни 1 милион фунти за да му помогне на регионот да се осврне на тешките застарени прашања од минатото.

Говорејќи пред Самитот, секретарот за надворешни работи рече:

„Ова ново финансирање ја покажува континуираната посветеност на Велика Британија кон регионот на Западен Балкан. Ние работиме на меѓународно ниво за да им обезбедиме на младите, особено на младите жени, дигитални вештини потребни за учество во идната економија и исполнување на нивниот потенцијал. Поважно, исто така, ја покажува нашата желба да му помогнеме на регионот да ги надминат некои од најтешките поглавја во својата историја и да го отвори патот кон уште попросперитетна иднина.“

Овој проект е вреден 10 милиони фунти и ќе трае повеќе од три години. Ќе се одвива во секоја од шесте земји од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија – достигнувајќи 4.500 основни училишта и до еден милион деца. Тоа ќе помогне да се поттикне следната генерација на дигитални иноватори и претприемачи преку обезбедување компјутерско програмирање и обука за кодирање.

Извор: gov.uk