Човекот што ја воведе е-трговијата во Кина се повлекува од лидерската позиција

 

Џек Ма, основачот на гигантот во електронска продажба „Алибаба”, се повлече од позицијата на извршен претседател на компанијата. Своето место во водење на компанијата тој ќе го препушти на досегашниот директор Даниел Чанг на 20 годишнината од постоење на компанијата, но во Одборот на директори Џек ќе остане до 2020 година.

 

Инаку „Алибаба” чие целосно име е „Алибаба Груп Холдинг Лимитед” работи како холдинг компанија. Компанијата обезбедува интернет инфраструктура, е-трговија, услуги преку Интернет, финансиски услуги и Интернет преку своите подружници. „Алибаба Група Холдинг” ги нуди своите производи и услуги ширум целиот свет и денес оваа компанија е всушност бизнис вреден 460 милијарди долари.

Ма ја создал компанијата „Алибаба“ врз основа на шест основни вредности на компанијата, наречени шест духови мечеви, според популарната техника кунг-фу. Но, за компанијата да опстане во современиот свет, мора да биде дигитално силна. Во согласност со тоа, „Алибаба“ има шест нови променети вредности, кои ги нарече „Новата визија”, што би требало да ја засилат нивната култура за дигиталната доба:

  • Купувачите се на прво место, вработените на второ, акционерите на трето
  • Довербата прави работите да бидат поедноставни
  • Промената е единствената константа
  • Досегашниот најдобар резултат е утрешната основна вредност
  • Ако не сега – кога? Ако не јас – кој?
  • Живејте сериозно, работете среќни.

Целта на „Новата визија“ на „Алибаба” е олеснување на работата, каде и да сте.