На својата конференција за развој на F8 која се случи оваа година, од Фејсбук ја најавија новата опција за рекламирање во Месинџер, а сега веќе почнуваат со тестирање на уште еден начин на рекламирање кој вклучува виртуелна реалност. Ова најпрво ќе се тестира на одбрани реклами, а корисниците во САД ќе бидат единствените кои ќе имаат можност да ги тестираат и видат ваквите реклами, барем за сега.
Ty Ahmad-Taylor, потпретседател за глобален маркетинг на производи од Фејсбук, ги покажа рекламите кои дозволуваат да се додаде лицето на корисникот на рекламата, односно ако станува збор за реклама за козметика, оној што ја гледа рекламата ќе може да види како козметиката ќе изгледа на неговото лице. Ова ќе функционира на сличен начин како Snapchat филтрите.
„Луѓето традиционално мора да одат во продавница за ова. Го сакаат ваквото искуство, но сакаат и да можат истото да го пробаат и од дома“ – рече Ty Ahmad-Taylor.
Ваквите реклами изгледаат како нормалните реклами во news feed на Фејсбук, но вклучуваат и опција „кликни за да пробаш“ која овозможува употреба на виртуелна реалност. Од Фејсбук споделија дека првиот бренд што го испробува ваквиот начин на рекламирање е Мајкл Корс, а подоцна ова лето со ваквото тестирање ќе започнат и Сефора, Боби Браун, NYX Professional Makeup, Pottery Barn, Wayfair and King. Дополнително, најавен е и нов Video Creation Kit, кој ќе овозможува во мобилните видео реклами да се вградат постоечки слики. Според Noom, компанија која ги тестира овие алатки, резултатите од видео рекламирање имаат поголем перформанс за 77% во споредба со слики. Исто така, од Фејсбук најавуваат дека ќе продолжат со поддршка за продажба и купување преку Instagram Stories. Создадени се тагови за полесно селектирање на брендови, а во иднина планираат ова да го направат достапно за сите брендови.
Ваквите најави дојдоа откако Ty Ahmad-Taylor на F8 разговараше со публиката за порастот на шопингот преку мобилни телефони, особено преку видео, и потенцијалните Instagram Stories за компаниите. За пример, 80 проценти од корисниците на Instagram следат бизнис, а едно од три најгледани Instagram Stories се од бизниси.
“Ние веруваме дека подобар маркетинг е еднаков на подобро купување, што води кон раст за вашиот бизнис. Кога ги разбирате луѓето што ви се важни – и она што е важно за нив – можете да се поврзете со нив на начин кој е невообичаен и нов, а исто така овозможува да ги пренесете пораките на начин или формат што сакаат да го прифатат” рече Ty Ahmad-Taylor.
Извор: techcrunch.com