Според податоците на Државен завод за статистика и Еуростат во 2017 година Македонците (84%) интернетот најмногу го користат за социјални мрежи, за креирање на кориснички профил, постирање пораки и друг придонес на Фејсбук, Твитер и др. Ваквиот процент ја прави Македонија четврта во Европа после Исланд, Малта, Норвешка и Унгарија.
Statcounter е платформа која дава податоци за пазарниот удел на користењето на различните социјални мрежи, но и од каков уред пребаруваат, од десктоп, таблет или мобилен апарат.
Македонците најмногу го сакаат Фејсбук и без разлика од кој уред пристапиле пазарниот удел за користењето на Фејсбук во април 2018 година изнесува скоро 94%, на Јутуб и Пинтерест отпаѓа речиси 2%, само 1% на Твитер а помалку од 1% на Инстаграм. Европјаните на сметка на Фејсбук (71%), поголемо учество во пазарниот удел имаат на Пинтерест 12%, Твитер 6%, Јутуб 5% и скоро 2% на Инстаграм.
Македонците најмногу Фејсбук го користат од мобилни апарати или од мобилен телефон (95%), од таблет е 94%, а помалку од десктоп. Структурата на пониско ниво е слична и во Европа.
На мобилен телефон Македонците иако се 95% на Фејсбук користат и Пинтерест со 2%, Инстаграм со 1%, Јутуб и Твитер со помалку од 1% пазарен удел. Европјаните на сметка на Фејсбук (76%), Пинтерест употребуваат 12%, Твитер употребуваат 4%, Јутуб употребуваат 3% и Инстаграм употребуваат малку повеќе од 2%.
Притоа од десктоп Македонците на сметка на Фејсбук (85%), употребувале Youtube со пазарен удел од 6%, Твитер со 2%. Овој просек на европско ниво е 60% за Фејсбук, 11% за Јутуб, 10% за Твитер, 5% за Тамблр, 4% за Пинтерест.
Aко го споредиме пазарниот удел на употребата на десктоп vs мобилен vs таблет ќе видиме дека Македонците во структурата мобилните телефони ги користат речиси колку Европјаните, но многу помалку се користат таблетите на сметка на десктоп.