Фејсбук прави многу промени за да ја покаже својата транспарентност и начинот на кој ги складира и чува податоците добиени од корисниците, особено после случаите со Кембриџ Аналитика. Сепак, луѓето се поделени во своето мислење дали може да веруваат во оваа компанија.
Истражување на Survata, ги прашува корисниците на социјални мрежи од САД да ги рангираат големите компании од 1 (најмногу им веруваат) до 5 (најмалку им веруваат). Истражувањето опфаќа 2600 испитаници, кои го одговориле прашалникот во периодот април – мај.
Истражувањето покажува дека довербата во Фејсбук е речиси иста како и во Амазон, PayPal и Микрософт, но сепак, луѓето поголема доверба имаат во Фејсбук отколку во Инстаграм, иако Инстаграм е во сопственост на Фејсбук.
Погледнете ја листата на топ 15 компании, почнувајќи со комапнија со најголема доверба а завршувајќи со компанија со најмала доверба:
- Амазон
- ПејПал
- Микрософт
- Епл
- IBM
- Јаху
- Гугл
- Јутуб
- еБеј
- Пандора
- Фејсбук
- ЛинкдИн
- Спотифај
- AOL
- Инстаграм
Истражувањето покажува дека одговорите за Фејсбук се движат во екстрема, односно испитаниците или одговараат со 1 (најмногу доверба) или одговараат со 5 (најмалку доверба). На крајот, просекот вели дека повеќе луѓе имаат доверба во Фејсбук, па затоа се наоѓа на 11-тото место на листата.
Извор: Бизнис Инсајдер