fbpx
+389 78 58 44 48
info@ecommerce.mk

Новости

Модерно уредување – Аугментирана реалност ( Augmentend Reality – AR ) во вашиот дом

Од “Како би изгледало” до “Како изгледа во вашиот дом”.

Аугментираната реалност (AR) ќе биде огромен тренд во 2018 година, бидејќи брендовите нудат можности кои им овозможуваат на потрошувачите да ги користат своите мобилни уреди за да визуелизираат предметите во нивниот дом или канцеларија пред купувањето.

Од каучи до блендери, потрошувачите ќе можат да видат точно како предметот би изгледал во нивниот дом пред да го нарачаат, вклучувајќи го и визуелизирањето на “плус големина” предмети како мебел или кади. Ова би требало да предизвика зголемување на нарачките за “плус големина” ставки, како и поврзани испорака и услуги. AR, исто така, може да помогне да се намали враќањето на порачаните производи – кое што е проблем од $ 260 милијарди долари.

Извршниот директор на Apple, Тим Кук го нарече Apple “лидер на пазарот со AR, истакнувајќи дека има повеќе од 1.000 апликации со AR функции во App Store. Тој изјави дека AR, предизвика првично интерес за маркетерите на пазарот преку успехот на апликации како Snapchat и виртуелната игра Pokemon Go, што укажува на апликации за шопинг, игри, забава, образование во мала и голема мера”.

Апликацијата Houzz ви овозможува да ги снимите просториите во вашата куќа, а потоа да поставите повеќе производи, од избор од 500.000 слики на производи. Милиони корисници на претходните карактеристики на Houz “11 пати биле поголеми шанси да купат нешто и поминале 2,7 пати повеќе време во апликацијата”.

Amazon додаде аугметирана реалност директно на својата постоечка апликација за пребарувањe. Функцијата AR view ви овозможува да ги гледате илјадниците производи во вашиот дом и канцеларија пред да ги купите, вклучувајќи ги и електрониката и алатките.

IKEA Place е апликација за аугментирана реалност која им овозможува на корисниците искуство, експериментирање и споделување на додатоците на Ikea во било кој простор. Производите се во 3D и се вистинити, така што потрошувачите можат да видат дали мебелот или додатокот ќе се вклопи и како ќе изгледа во контекст.

Виктор Стојкоски