Државниот завод за статистика ги објави резултатите за онлајн купување во нашата земја во 2019 година, според кои купувањето онлајн и понатаму расте со забрзано темпо1. Спроведената анкета во првото тримесечие на 2019 година во Република С. Македонија во која испитаниците се изјаснуваат за направените онлајн нарачки и купувања во последните 12 месеци покажува раст од 14%, односно купиле онлајн 35,9% од интернет корисниците, наспроти 31,6% од интернет корисниците во истиот период минатата година.
Колку од Македонците имаат пристап и колку често го користат интернетот?
Интернет пенетрацијата во првото триемесече од 2019 година е зголемена на 81.8% опфат на домаќинствата, наспроти 79,3% во истиот период минатата година. Според резултатите, има подобрување и во начинот на пристап (фиксно широко појасно и мобилно) потребен за обавување на е-трговија. 81,4% од Македонците на возраст 15-74 години употребиле интернет во последните 3 месеци спрема 79,2% во истиот период лани. При тоа 72,9% од Македонците користеле интернет секој ден, наспроти 68,7% лани, при што мажите користеле интернет повеќе (74,9%) од жените (70,8%).
За што го користеле најмногу интернетот Македонците во 2019?
Македонците интернетот најмногу го користеле на социјалните мрежи и тоа: 70,4% за лично креирана содржина (текст, слики, музика, видеа, софтвери итн.) на веб-страници за да бидат споделени, потоа 70,1% за инстант-пораки, т.е. размена на пораки, на пример, преку Skype, Messenger, WhatsApp, Viber и секако 68,4% за учество во социјални мрежи (креирање корниснички профил, испраќање пораки или други прилози на Фејсбук, Твитер итн.). И понатаму мажите се убедливо повеќе на социјалните мрежи, па така за ставката „ставање лично креирана содржина (текст, слики, музика, видеа, софтвери итн.) на веб-страници за да бидат споделени” учествувале со 73%, наспроти 67,8% од жените.
Што купувале најмногу нашите сограѓани?
Македонците како и во минатата година, најмногу купувале облека и спортска опрема или 35,8%, додека пак, купувале 10,5% производи за домаќинство и 10,4%. електронска опрема.
Од каде купувале најмногу?
Она што е особено значајно за е-трговците во нашата земја е дека Македонците најмногу купувале онлајн од продавачи од нашата земја (38,8 %). Ако во минатото доминантна онлајн трговија била од продавачите од другиот дел на светот, во 2019 година тоа учество е намалено на 20% и 11% учество на продавачите од ЕУ.