Новости од е-трговија

Колку долги видеа се гледаат на социјалните мрежи?

Од минатата недела Инстаграм воведе нова опција за своите корисници, односно сега на оваа социјална мрежа ќе може да се објавуваат и подолги видеа во 4К формат (Instagram TV). Со ова, на отприлика 1 билион месечни активни корисници ќе им биде овозможено да креираат и да објавуваат видеа што траат до 1 час, што е речиси 59 минути подолго од претходната опција за објавување видеа преку Instagram stories.

Податоци од Statista, а објавени на Бизнис Инсајдер, покажуваат дека споредбено со 2016 година, оваа година, преку смарт телефони, 38% од луѓето гледаат видеа со должина од 0-5 минути, што е намалување во однос на 2016, кога овој процент изнесувал 55%.

За видеа со должина од 5-20 минути, процентот во 2016 изнесувал 16%, додека во 2018 е 9%. Односно, за овие две категории на видеа, има намалување на процентот споредбено со 2016 година. Меѓутоа, кога станува збор за видеа со должина од 20+ минути, значителен е растот. Односно, во 2016 година, само 29% преку телефон гледале видеа кои се подолги од 20 минути, меѓутоа, за 2018 година овој процент изнесува 54%.

Зошто видеата се важен дел од маркетингот?

  • До 2019 година, 80% од Интернетот ќе се користи за видеа
  • Фејсбук генерира 8 билиони прегледи на видеа на ден
  • Јутуб тврди дека конзумацијата на видеа се зголемува за 100% секоја година
  • 55% од луѓето гледаат видеа онлајн секој ден
  • 92% од оние кои гледаат видеа преку телефон, истите ги споделуваат со други
  • Видео постовите на Фејсбук имаат 135% поголем органски reach отколку постови со слики

 

Извор: Бизнис Инсајдер и Форбс