Продажбата од е-трговија во САД се очекува да надмине 504 милијарди долари до крајот на оваа година – a “millennials” како генерација се историската движечка сила за постојан раст на онлајн шопингот. Тие се моментално највредните и најпотенцијалните таргети за модерните бизниси.
Но, со бројни тактики за дигитален маркетинг, кампањи за ре-маркетинг, е-маил кампањи за се повеќе информирани потрошувачи, како можат брендовите да ја искористат оваа дигитална генерација за да го зголемат сопствената крајна цел?
Таргетирајте ги на социјалните медиуми, се разбира!
Младите целни групи масовно се придвижуваат кон социјалните медиуми.
Една студија од Pew Research Center ја испита употребата на социјални медиуми на возрасните во САД. Сè на сè, големо мнозинство Американци редовно ги користат социјалните медиуми. Всушност, неверојатни 68% често го користат Фејсбук.
Сепак, се чини дека колку се помлади корисниците, толку се поизразени на социјалните медиуми. Истражувањето покажало дека 88% од 18 до 29 годишна возраст и 78% од 30 до 49 годишна возраст користат барем еден канал на социјални медиуми – што речиси совршено се усогласува со возрасната група од “millennials” од 22 до 37 години.
Истражувањата покажуваат дека социјалните медиуми влијаат на искуства со е-трговија кога станува збор за “millennials”
Компанијата DesignRush.com спровела студија со која се анализирани однесувањето на 219 “millennials” во е-трговијата и социјалните медиуми:
- 30% од нив купуваат производи директно на Фејсбук.
- Фејсбук, Instagram и Pinterest ја поттикнуваат најголемата доверба во брендот и им помагаат на младите да најдат и откријат производи кои тие би ги користеле.
- Snapchat е ирелевантен за е-трговијата и брендирање, бидејќи само 5% од “millennials” веруваат дека овој социален медиум ја потикнува довербата во брендот.
- 61% од нив имаат доверба во препорака на пријател, по што следат сопственото искуство со брендот (51%) и коментарите на веб страната (48%).
- 31% од испитаниците изјавиле дека социјалните медиуми влијаат врз нивните купувања, но сепак тие ја завршуваат трансакцијата на друго место.
Клучни наоди од истражувањето покажуваат дека маркетингот на социјалните медиуми има директен ефект врз видливоста на брендот, свеста и процентот на реализација. Овие резултати, исто така, ги потврдуваат тврдењата дека најдобри платформи се оние кои се енергични, постојано се надградуваат и се ориентирани кон корисниците – како што е Фејсбук.
Еве како да ја интегрирате вашата е-трговија и маркетинг стратегија на социјалните медиуми.
Констатациите од навиките за купување на социјалните медиуми на “millennials” може да се искористат за подобрување на стратегијата на сопствениот бренд.
На крајот на краиштата, ако брендовите се остават сами да изберат со кои платформи ќе ги привлечат помладите демографски структури, тие би можеле да се одлучат за Snapchat. Сепак, и покрај тоа што има 300 милиони активни корисници, Snapchat нема фасцинантност, фактор за откривање на брендот и недостасува способноста за следење на сообраќајот на веб-страници за вистински да инспирираат значајни купувања или да изградат долгорочен раст на брендот.
Затоа, бизнисите не треба да се остават сами да погодуваат кои канали на социјалните медиуми ќе ја инспирираат “millennials” публика, туку наместо тоа да размислуваат за поспецифични и поконкретни сознанија при формулирањето стратегија.
За среќа, наодите од анкетата наведуваат неколку едноставни корекции кои драстично можат да ја подобрат конверзијата на е-трговија преку социјалните медиуми, вклучувајќи:
Инвестирајте во Facebook иницијативи.
Миленијалците со големо мнозинство се потпираат на Фејсбук за нивните социјални медиумски потреби. За среќа, постојат многу тактики кои можат да го подобрат вашиот бренд, да се привлечат повеќе клиенти, па дури и директно да се извршат купувања. Обидете се со стратегии како што се:
- Органски и спонзорирани постови
- Retargeting рекламирање
- Реклами насочени кон одредена публика
- Целосно функционална продавница за електронска трговија, вградена директно во социјалната платформа
Постојат неколку програми кои ќе ви помогнат да ги постигнете последните активности. Тука спаѓаат WooCommerce, WP-eCommerce и Ecwid. Со креирање на посебна Фејсбук продавница, можете да таргетирате потенцијални потрошувачи со реклами и производи кои би можеле да им се допаднат, и ќе им олесните да го завршат купувањето, со што ги зголемувате стапките на конверзија.
Користете кориснички генерирани содржини.
Помлада целна публика повеќе им верува на обичните луѓе, наспроти влијателните и славни личности (иако историски гледано влијателите личности се пред традиционално познатите личности). Затоа, секогаш кога е можно, хуманизирајте го вашиот бренд со вклучување на содржини креирани од корисниците.
Постирајте ги фотографиите на обичните луѓе на Instagram, побарајте лични препораки или објавете видео на социјалните медиуми со вистински потрошувачи. Ова ќе поттикне чесен однос помеѓу вашиот бренд и потрошувачите, за кој е докажано дека го подобрува брендот и го зголемуваат приходот.
Плус, не заборавајте веб-страната да има интеракција со посетителите! Овозможете им на клиентите да остават оценки на вашата веб-страница, и да им дадете неколку опции за оценување на производот, како што се оценки со ѕвезди, слики, препораки и описи. Не само што ова ќе создаде кредибилитет кај новите корисници, туку ќе направи и вашите корисници кои се враќаат да се чуствуваат добредојдени и почитувани од вашиот бренд.
Изградете автентична, добро-брендирана онлајн заедница.
Иако интегрираните продавници за електронска трговија и насочените реклами се од клучно значење за привлекување “millennials” од социјални медиуми и нивно трансформирање во редовни клиенти, сепак создавајќи заедница која го претставува вашиот бренд ќе овозможи резултати на долг рок. За да се постигне ова:
- Објавувајте и бесплатни постови на социјални медиуми.
- Одговорете на коментарите и барањата на корисниците на услугите.
- Креирајте кампањи кои ги вклучуваат потрошувачите.
- Обезбедете свои статии и соопштенија.
- Немојте само да ги промовирате вашите производи, додадете некои информативни мислења и информации и на вашите социјални канали.
Овие стратегии можат да ја зголемат вашата бизнис вредност преку зголемување на прометот на вашиот веб-сајт, прикажување на експертиза во вашата област или промовирање на основните вредности на вашата марка. Инкорпорирајќи ги овие тактики, ќе се воспостави сеопфатно присуство на социјалните медиуми, кое ќе изгледа пореално за потрошувачите и ќе додадат валидност на оние толку важни реклами и промоции за е-трговија.
Социјалните медиуми и стратегиите за е-трговија треба да работат заедно за да се зголеми вашиот бизнис.
Несомнено е дека стратегиите за маркетинг на социјалните медиуми директно влијаат врз конверзиите и приходите. Сепак, може да биде тешко да се разбере како да се искористат платформите за социјални медиуми за да се обезбеди успех.
Следејќи ги горе наведените совети, ќе бидете сигурни дека ќе создадете дигитално присуство со кое ги придобивате “millennials” потрошувачите. Ова ќе ви овозможи да ги трансформирате во доживотни корисници на вашиот бренд во наредните децении, обезбедувајќи долга врска за успех за вашиот бизнис.
Извор: Entrepreneur