Новости од е-трговија

Иновација која има потенцијал да ги замени слушалките

Новето е стартап од Израел, кој оваа година на CES конференцијата организирана од Consumer Technology Association ја промовираше својата аудио фокусирана технологија која има потенцијал слушалките да ги премести во категоријата на „застарена технологија“. Тие успеале да развијат технологија која го прави истото како и слушалките, пренесува директно звук до ушите, меѓутоа разликата во нивната иновација е тоа што нема потреба да носите било каков уред. Фокусираниот звук може да доаѓа од самостоен уред, од мала звучна лента, преку Блутут звучник или од било кој уред кој обучно емитува звуци како компјутер, лаптоп, телефон, телевизор, таблет.

Новата технологија е нешто налик на директниот звук, меѓутоа кај директниот звук, доколку не се наоѓате пред звучникот кој емитува, нема да може да се слушне ништо. Новето користи 3Д технологија за следење, преку која ја знае вашата локација и знае каде точно треба да емитува звук. До сега, презентацијата на ваквата технологија успеала да привлече познати имиња како Гугл, Самсунг, Блекбери што помогнало да соберат 1.4 милијарди долари. Во прототипната верзија, технологијата на Новето можеби нема да ги задоволи очекувањата на ентузијастите за аудио квалитет, но со текот на времето и на развивањето на самата технологија квалитетот значително ќе се подобрува и унапредува. За сега, фоокусот на стартапот ќе биде да се доразвие моделот на приватно аудио слушање, без да има потреба да се носи било каков уред на главата или ушите. За време на презентацијата на конференцијата, Новето успеале да ги привлечат Dell за разгледување на потенцијалната можност за компјутери и лаптопи со вграден фоксиран аудио.

Од Новето, очекуваат оваа технологија да ужива во популарност, бидејќи овозожува во ист простор, различни луѓе да слушаат различни содржини, без користење на никаков уред на главата или ушите, без притоа да си пречат едни на други, но и бидејќи содржината која може да се употребува преку ваквата иновација веќе постои. За илустрација, доколку ваквата технологија се вгради во автомобилите, оној што вози би можел да слуша еден тип на аудио содржина, додека оние кои седат позади во автомобилот би можеле да слушаат сосема друг тип на содржина, без притоа звуците да се мешаат или да претставуваат пречка за околината.

 

Извор: Бизнис Инсајдер