Зошто и каде се користат дигиталните сертификати на КИБС?

 

Клириншка куќа КИБС АД Скопје (КИБС) e оператор на платен систем за порамнување на мали меѓубанкарски плаќања. Со решение на Министерството за финансии од 26 јуни 2006 година, КИБС преставува првиот регистриран Издавач на сертификати во Македонија.

Издавачот на сертификати КИБС припаѓа на меѓународната мрежа на доверливи соработници (хиерархија) на светскиот издавач на сертификати, Symantec. Активностите поврзани со инфраструктурата на јавни клучеви (PKI), КИБС ја води согласно закон и подзаконски акти донесени во Македонија. КИБС го прилагодува своето работење на барањата на Европската регулатива, но ги следи и препораките на CA/B форумот.

Од 2009 година, КИБС воспоставува партнерски релации со VeriSign (сега DigiCert) кој е лидер и светски признат Издавач на сертификати, постави PKI инфраструктура верификувана и контролирана од страна на VeriSign и започнува со издавање на дигитални сертификати.

Дигиталните сертификати на КИБС се прифатени од сите оперативни системи, веб прелистувачи, креатори на PDF документи и друг софтвер кој се потпира на дигиталниот сертификат како средство за автентикација или потпишување без дополнителни прилагодувања. Со ова КИБС е прв и единствен на пазарот во Република Македонија кој издава сертификати кои во процесот на креирање на парот на клучеви се потпишани од светски препознатлив  бренд VeriSign. Дигиталните сертификати на КИБС се наменети за сите правни и физички лица чија работа се одвива електронски.

VERBA SIGN Дигитален сертификат за електронски потпис

Дигиталниот сертификат се користи за електронски потпис на документи кои ги издавате во електронски облик. Со него се потврдува идентитетот на носителот на сертификатот, како и автентичноста на испратениот документ. Може да се користи за електронско потпишување на документи, безбедна електронски комуникација, за автентикација при пристап на апликации како и за енкрипција на документи.

VERBA SEAL Дигитален сертификат за електронски печат

Дигиталниот сертификат се користи за електронски печат на документи кои ги издавате во електронски облик. Со него се обезбедува диказ дека определен електронски документ е издаден од соодветно правно лице, се обезбедуваат сигурност во потеклото и интегритетот на документот врз кој е ставен електронски печат од правно лице.

Каде може да се користат дигиталните сертификати на КИБС?

Сертификатите за електронски потпис или електронски печат влијаат врз намалување на трошоците и времето потребни за поднесување документи до државните институции, како и за секојдневните е-трансакции во банките (фактури, дописи, нарачки).  Овие сертификати се наменети за:

  • За користење на е-услугите на фондот на ПИОМ:
  • За Електронскиот систем за јавни набавки, потпишување документи при учество на тендери
  • За Царинска управа на РМ, Едношалтерски систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки и тарифни квоти – EXIM
  • За Народна банка на РМ Пристап до апликации на НБРМ
  • За Управа зајавни приходи, електронско поднесување на ДДВ пријави и даночни биланси
  • За Агенција за вработување на РМ, пријава и одјава на вработени
  • За Централен регистар на РМ, поднесување на завршни сметки, Online основање на правни субјекти
  • За Министерство за транспорт и врски, Е-одобренија за градење
  • За Агенција за катастар на недвижности, Е-кат
  • За Министерство за правда, судови, за електронска достава
  • За Банки, електронско банкарство
  • За Министерство за финанси, електронско трезорско плаќање
  • За поднесување извештаи преку порталот на агенцијата за супервизија за осигурување

 

Повеќе информации за производите и услугитe што ги нуди КИБС можете да најдете овде .