Новости од е-трговија

Експерти кои може да ви помогнат доколку започнувате со е-трговија

Ако сакате да ги осознаете новините во е-трговијата, дигиталниот маркетинг и најновите SEO техники за оптимизација на веб страните, во продолжение ви претставуваме дел од експертите кои можете да ги следите и чии мислења се веродостојни кога станува збор за оваа област.

Размислувате за тоа да отворите сопствена дигитална продавница, но чуствувате дека ви недостасуваат знаења? Најголемите светски експерти споделуваат корисни совети на своите блoгoви и на повеќе други мрежи.

Но за кого од нив да се определите? Ако сакате да ги осознаете новините во е-трговијата, во дигиталниот маркетинг и најновите SEO техники за оптимизација на веб страните, ова се некои од експертите кои може да ги следите:

Ричард Лазазера

Ричард е задолжен за пишување на интересни содржини на блогот на сајтот “Shopify”. Неговите содржини најчесто се оценувани меѓу најдобрите написи. Тој исто така ја води е-трговијата на блогот “A Better Lemonade Stand”, кој се фокусира на понуда на најдобрите ресурси и алатки кои им се потребни на претприемачите за да започнат сопствен бизнис.

Џеј Бир

Тој е директор на компанијата “Convince & Convert” кого “Њујорк Тајмс” го прогласи за најдобар автор со изданието “Youtility: Why Smart Marketing Is about Help Not Hype”. Неговите вештини во дигиталните медиуми ги користат повеќе од седумстотини компании.

Метју Бар

Метју е еден од најдобрите консултанти за дигитален маркетинг. Работи за компанијата “Wyatt International” како стратег за дигитални содржини. Неговиот блог е полн со корисни написи, со акцент на оптимизацијата на веб страните (SЕО) во дигиталниот маркетинг. Тој исто така пишува и за “Moz”; “Search Engine Journal” и ”Search Engine Land”.

Рајан Би Милер

Со 14 годишно искуство зад себе, Рајан одлучил сопственото маркентишко знаење и вештини да ги посвети на областа е-трговија. На неговиот блог може да се најдат некои од најдобрите совети за маркетинг во е-трговија во светот. Дел од неговите текстови се:” Social Media for Ecommerce is a Waste of Time“; „What to Sell Online: Niche Product Selection“; „eCommerce Web design – 5 Highly Effective Guiding Factors“.