Новости од е-трговија

Дигитална трансформација на традиционалната работа со хартиена документација

Електронските документи можат да бидат потпишани од еден или повеќе потписници. SignPlus e портал на KIBSTrust наменет за online организирање на потпишување на документи со дефиниран редослед на потпишување на потписниците. Освен потпишување, SignPlus нуди безбедно испраќање и чување на потпишаните електронски документи во сигурниот облак на давателот на доверливи услуги КИБС. 

Електронското потпишување на документите е можно со еднократен напреден сертификат (за кој не се потребни дополнителни инсталации или користење на уреди – PKI токени), квалификуван сертификат издаден на PKI токен, а наскоро и квалификуван сертификат сместен во сигурниот облак на КИБС. За да се обезбеди долготрајна валидност на електронски потпишаниот документ, се користи временски жиг произлезен од квалификуван извор на време, а сертифициран од давателот на временски жигови – КИБС. 

Услуги кои ги нуди порталот SignPlus се:

  • можност за креирање лична или корисничка сметка за компанијата во рамките на која постои можност за креирање под сметки за вработените во компанијата
  • електронска препорачана испорака на документи (е-достава)
  • проверка на валидноста на временските жигови ставени на било кој електроснки документ
  • обезбедување податочни складови за чување на вашите електронски потпишани документи кои ќе ви бидат достапни секогаш и на секаде

 

Предности на порталот SignPlus:

  1. БЕЗБЕДЕН

SignPlus ги исполнува ригоризните индустриски стандарди за автентикација на корисниците. Нивото на автентикација може да биде зголемено, со тоа што секој корисник може да одбере дво факторска автентикација за својата најава, преку користење на безбедносни кодови (доставени до корисникот преку екстерен систем – e-mail или SMS). Системите и процесите на SignPlus ги користи најмоќните комерцијално достапни технологии за шифрирање на податоци и обезбедуваат заштита и безбедност при пренос и чување на податоците. 

2. ИНТУИТИВЕН

SignPlus е имплементиран како множество од веб модули кои, преку кориснички веб интефејс, им овозможуваат на корисниците креирање на свој тек на потпишување и проследување на документите од повеќе потписници. Потпишувањето е со примена на различни видови на сертификати за електронски потпис. Вашиот тим може да потроши повеќе време за активности кои ќе дадат нов квалитет, заштеда на трошоци и подобрување на услугите.

3. ГЛОБАЛЕН

Корисници од целиот свет можат да ги користат предностите на дигитално потпишување преку било кој интернет прелистувач и од било кој уред, паметен мобилен телефон, таблет или персонален компјутер.

4. ОТВОРЕН И СКАЛАБИЛЕН

Бидејќи секој бизнис е различен, SignPlus е флексибилен. На располагање Ви се RESTful API коишто содржат методи за лесна интеграција на SignPlus во Ваши апликативни решенија и процеси.