Новости од е-трговија

Вредноста на е-трговијата во Турција изнесувала 5,7 милијарди евра во 2018 година

Е-трговијата во Турција изнесувала околу 5,74 милијарди евра во 2018 година, и воедно се покачила за 38%  во споредба со претходната година. Турската онлајн-малопродажна индустрија сега учествува со 5 отсто од вкупната продажба на мало во земјата.

Овие бројки доаѓаат од извештајот за e-тргување на Нилсен. Оваа студија, исто така, покажува дека во Турција речиси 160 евра биле потрошени онлајн по глава на жител, додека светскиот просек изнесува околу 735 евра.

  • Најпопуларни категории на производи во Турција

Кога станува збор за e-тровија во Турција, најпопуларните категории на производи се чевли и облека (68% од корисниците купуваат вакви продукти онлајн), проследено со секојдневна електроника (58%), лична нега и козметички производи (49%) и книги, филмови и игри. Порачувањето храна од ресторани онлајн е исто така популарна (47%), пишува Hürriyet Daily News. Во просек, турските потрошувачи нарачуваат онлајн од ресторани четири пати месечно.

  • Смартфонот е популарен уред за купување преку интернет

Кога турски потрошувачи купуваат онлајн, тие најчесто го прават тоа со користење на нивните смартфони (75%). Околу 60 милиони луѓе во Турција поседуваат мобилен телефон. Лаптопот е уште еден популарен начин за прегледување на e-commerce сајтови и нарачки (52%). Исто така, според извештајот, луѓето во Турција поминуваат околу седум часа дневно на интернет.

  • 4% од турските купувачи купуват онлајн секојдневно

На потрошувачите, исто така, им беше поставено прашањето колку често купуваат онлајн. Се чини дека 4 отсто од турски потрошувачи купуваат онлајн секој ден, додека 46% вршат онлајн купувања неколку пати месечно.

  • 72% од Турците се корисници на интернет

Извештаите на ”Nielsen” исто така покажуваат дека имало 59 милиони интернет корисници во Турција минатата година. И, земајќи в предвид дека моментално живеат околу 82 милиони луѓе во Турција, ова значи дека користењето на интернет во оваа земја има стапка на користење од 72 %. Тоа е далеку над светскиот просек од 57%.