Во 2023 Шведска ќе воведе дигитална валута и ќе биде првата држава во која нема да има кеш!

Шведска е првата земја во Европа што ги усвои банкнотите – уште во далечната 1661 година – а сега ќе премине во земја која во 2021 година ќе воведе дигитална валута и во 2023 година ќе стане првото општество во светот во кое ќе нема кеш.

Шведска е една од технолошки најнапредните нации на планетата и е лидер кога станува збор за укинување на кешот. Се очекува оваа земја да стане првото општество без готовина до март 2023 година. Дотогаш кешот веќе нема да се прифаќа како платежно средство во Шведска.

Шведска отсекогаш била една од првите земји во прифаќањето на новите технологии. Таа по традиција е прва. Тоа може да се забележи и ако се погледне историјата на скандинавската земја, а финансискиот систем не е исклучок.

Во 1661 година Шведска станала првата земја во Европа што вовела банкноти, а за неколку години ќе стане првата нација без кеш, со економија која ќе стане 100 отсто дигитална.

Во изминатите години во Шведска речиси сите купувања се плаќаа електронски, со дебитна/кредитна картичка користејќи чип и пин, со користење на бесконтактната технологија или мобилната апликација „Swish“, специјално дизајнирана за да им помогне на Швеѓаните да го прифатат животот без кеш.

Повеќе од 80 отсто од сите трансакции во малопродажбата се вршеле електронски. Слична е ситуацијата и во земји како Финска, Норвешка, Данска и Исланд. Начинот на кој во овие земји брзо се прифаќа животот без кеш покажува голема разлика меѓу тие земји и оние од јужните делови на Европа, каде што готовината уште е силна форма на плаќање и има места каде што се прифаќа само кеш.

Шведските бизниси кои денес сè уште примаат кеш ќе престанат да го прават тоа во 2023 година. Уште сега е тешко да се најде фирма што прифаќа кеш. Морате да бидете подготвени да платете со картичка или преку апликацијата.
Во 2012 година шесте најголеми шведски банки се споија за да направат едноставна платформа за мобилно плаќање со која на потрошувачите им се олеснило електронското плаќање. Апликацијата брзо беше прифатена од Швеѓаните. Повеќе од половина од популацијата ја користи апликацијата. Само 13 отсто од вкупното население во Шведска се потпира на кеш.

Децата исто така се дел од транзицијата. Некои од нив никогаш нема да дознаат како било да се живее во свет каде што трансакциите со кеш биле широко прифатени. Некои од нив печатените пари ќе ги гледаат само на фотографии, видеа и музеи.

Шведските банки им издаваат дебитни картички на граѓани постари од седум години (со дозвола од родител), што е еднакво на повеќе од 97 отсто од населението. Ова ги воведува во општеството без готовина од кое тие ќе бидат дел кога ќе пораснат.
Кешот се користел за само помалку од еден процент од вкупните трансакции во Шведска. Повеќе од 99 отсто од трговците прифаќаат дебитни картички, а плаќањата во готовина се помалку од 20 отсто. Повеќе од 80 отсто од сите трансакции се безготовински.

Пред неколку години јавниот транспорт во Стокхолм престана да прифаќа кеш. Билетите се плаќаат однапред, се плаќаат преку апликација или се купуваат со дебитна или кредитна картичка од возачот или од машина.

Исто така, во сè поголем број продавници има знаци дека таму не се прифаќа кеш. Повеќето Швеѓани, особено оние помладите, никогаш не носат готовина. Ни посетителите не треба да се грижат за замена на валути. Сепак, некои туристи не можат да поверуваат дека не им треба локална валута кога ја посетуваат Шведска. Всушност, во Шведска и многу тешко може да се најде или види готовина.

Готовината не е потребна ни за купување топло чоколадо на божиќен пазар во Стокхолм. Сите продавачи имаат мобилен читач или прифаќаат плаќање со мобилната апликација.

Некои од причините поради кои Швеѓаните се оттргнуваат од кешот е намалување на кражбите на банки, како и борбата против дрогата, оружјето и фалсификувањето. Помалку готовина значи и помалку избегнување на даноци.

Централната банка на Шведска прави тестирања во рамките на нејзините планови да воведе сопствена дигитална валута: е-круна. Пилот-програмата за дигиталната валута почнува оваа година, а таа ќе биде имплементирана во земјата во 2021 година.