women in digital a1

Во четврток започнува конференцијата „Women in Digital 2021“

Во организација на А1 Македонија, во четврток на 8 април со почеток во 13 часот часот, бидете дел од третата конференција “Women in Digital 2021“ каде ќе имате можност да ги слушнете сите новости и да дебатирате за најновите трендови во развојот на вештачката интелигенција.

women in digital a1

Под заеднички наслов „Моделирајќи го светот со вештачката интелигенција“, истакнати професионалци ќе го споделат своето знаење и искуство за потребата од вештачката интелигенција и нејзиниот развој, влијанието на вештачката интелигенција на бизнисите и потребата од развој на нови вештини за работа.

Оваа година во целосен онлајн формат чија содржина за прв пат ќе се емитува во живо на професионалната мрежа LinkedIn истакнати професионалци ќе го споделат своето знаење и искуство на следните теми:

  1. Потребата од вештачката интелигенција и нејзиниот развој
  • Развој на вештачка интелигенција
  • Колку светската пандемија го забрза развојот на AI
  • Кои се придобивките од вештачката интелигенција
  1. Влијанието на вештачката интелигенција на бизнисите
  • AI и имплементација на автоматизација во различни индустрии
  • Дали локалните бизниси прифаќаат напредни решенија за AI во работењето
  • Колку е важна науката за податоци за компаниите во новото време
  1. Потребата од развој на нови вештини за работа
  • Како развојот на вештачката интелигенција влијае на работната сила
  • Пополнување на јазот – како да се едуцира работната сила за справување со предизвиците на новото време користејќи AI

 

Агендата е во продолжение, а за повеќе информации поврзани со конференцијата “Women in Digital 2021“ посетете го линкот: https://lnkd.in/diMje-v