Неодамна, АЕТМ ја лансираше својата нова платформа ecommerce.mk/badge која има за цел да го направи онлајн купувањето побезбедно и подоверливо за секого, да придонесе во континуираната борба за намалување на сивата економија и сомнителните практики на нерегистрираните продавачи во е-трговијата и да изгради подобра заедница за е-трговија.
Со цел ефективно влијаење на борбата против сивата економија, платформата е наменета за промовирање на регистрираните е-трговци. Дел од оваа платформа е и Беџот за верификуван е-трговец – визуелна ознака која се поставува кај домашните е-продавници и која се стреми да придонесе токму во борбата за намалување на сивата економија. Активностите за промоција на платформата вклучуваат давање на еден вид на “spotlight” на верификуваните е-трговци кои ги поминале потребните проверки од страна на АЕТМ за усогласувањето со регулативата и обврските за работењето во е-трговијата.
Денес, овој “Verified E-seller Spotlight“ e посветен на Fashion Group, една од првите компании која се стекна со Беџот за верификуван е-трговец од самото негово лансирање во 2021 година и која е посветена на иновации, унапредување на корисничкото искуство на онлајн купувачите и придржувањето кон индустриски стандарди.
Компанијата Fashion Group е најголемиот моден трговец на мало во С.Македонија со права на ексклузивност, франшиза и мастер франшиза на 40 глобално познати модни брендови. Во 2017 година го започна својот online journey со тоа што го овозможи целото свое портфолио да биде достапно на е-продавницата fashiongroup.com.mk, која брзо стана една од најфреквентните дестинации за онлајн купување во земјата. Во 2020, годината кога е-трговијата навистина го забрза својот раст и на локално, и на глобално ниво поради COVID-19, компанијата ја лансираше okaidi.com.mk, е-продавница за детска облека од брендот Okaidi, додека на крајот на 2022 го дополни своето портфолио со fashiongroupoutlet.mk за производите од претходните сезони.
Од сето ова можеме да го забележиме високото ниво на посветеност на Fashion Group за постојано иновирање, подобрување и обезбедување на онлајн простор кој ќе го овозможи најдоброто корисничко искуство.
Во согласност со нивната посветеност кон е-трговијата, Fashion Group е дел од Асоцијацијата за е-трговија на Македнија од самото нејзино основање во 2017 и сметаат дека сите активности и работата на АЕТМ им се од големо значење со цел да можат да бидат во тек со сите новости од областа на е-трговијата. Кога станува збор за активноста на Fashion Group во иницијативите на АЕТМ, она што може да се истакне е негувањето на Беџот за верификуван е-трговец од самото негово лансирање во 2021 година на сите 3 е-продавници: fashiongroup.com.mk, okaidi.com.mk и fashiongroupoutlet.mk.
За нешто помалку од три години, Беџот за верификуван е-трговец стана од големо значење за македонските е-трговци, па така и за Fashion Group и резултатите кои тие ги имаат постигнато. Тимот на Fashion Group за Беџот вели дека Беџот додава нова димензија на е-трговијата во земјата, дека е од големо значење на сите е-трговци и дека прикажувањето на Беџот на сите три нивни е-продавници за нив претставува уникатна можност да бидат препознатливи во нивната работа, како и да овозможат уникатно онлајн шопинг искуство.
Како резултат на Беџот и зголемената доверба во нивните е-продавници, бројот на регистрирани корисници континуирано расте и во изминатата година ја достигна цифрата од над 70.000 регистрирани корисници и над 150.000 продадени производи само минатата година. Нивната мобилна апликација е преземена од повеќе од 20.000 корисници, нудејќи пристап до над 30 модни брендови на една погодна локација.
Овие импресивни бројки ја одразуваат посветеноста, иновативноста и пасијата на тимот на Fashion Group, препознаени и ценети од нивните корисници. Освојувањето на наградата за „Најдобар верификуван е-трговец“ две последователни години дополнително го истакнува нивното придржување кон високите стандарди во индустријата и нивната посветеност на извонредност. Беџот за верификуван е-трговец е симбол на нивната доверливост, поттикнувајќи дополнителна доверба и посилна врска со нивните купувачи.