Француската компанија за поштенски услуги La Poste вклучила простории за гардероба во две од своите пошти во Париз, а сака да продолжи со оваа иницијатива и да постави гардероби во вкупно седум свои филијали. Со овој експеримент, купувачите можат да ги пробаат своите онлајн нарачки веднаш кога ќе ги преземат.
Според La Poste, многу купувачи го земаат пакетот од поштата само за потоа да го вратат истиот тој пакет назад. Наместо да мора да ја носат пратката до својот дом и потоа да ја враќаат, француските купувачи сега можат веднаш да ја пробаат во некои од поштите на La Poste.
Откако ќе ја пробаат облеката во гардеробата, купувачите исто така ќе можат веднаш да ги вратат своите нарачки.
Привлекување повеќе клиенти
„Сакаме да им го олесниме животот на нашите клиенти. Овој експеримент ќе им заштеди време и напор“, велат од компанијата. Експериментот е и начин компанијата да поттикне повеќе потрошувачи да ги користат нивните услуги. Исто како и другите поштенски компании, La Poste обработува помалку писма овие денови, и тоа сака да го компензира со инвестирање во своите логистички услуги.
Извор: Ecommerce News