Што велат партнерите на ГЕА за родовата еднаквост?

АЕТМ неодамна ја лансираше својата нова иницијатива, Алијанса за роодова еднаквост на работното место – ГЕА чии цели се стремат кон придонесување за еднакви можности, еднаква застапеност и еднакво вреднување на трудот.

Сите напори на Алијансата за родова еднаквост ќе бидат насочени кон создавање на култура каде што мажите и жените се вреднуваат за нивниот уникатен придонес во работната средина, што ќе создаде нови начини, синергии и платформи за решавање на критичните прашања кои влијаат на развојот на жените на работното место.

Со цел успешно да ги оствариме нашите идеи и визии, ја основавме Алијансата со поддршка од Мастеркард, Еуролинк Осигурување, Касис и А1 Македонија со кои снимивме кратки видеа наменети за поддигнување на свеста за важноста на еднаквоста на работното место.

Мастеркард за ГЕА: Вања Манова, Директор за Бугарија, С.Македонија, Албанија и Косово

Што и е најмногу потребно на една компанија на работното место? Според директорката на Mastercard за Бугарија, С.Македонија, Албанија и Косово, Вања Манова, важно e сите вработени во една компанија да имаат еднакви услови за работа и напредок, фер конкуренција и родов баланс.

КаСис за ГЕА: Филомена Пљаковска Аспровска, CEO и Претседател на управен одбор

Извонредноста не прави разлика по род! Според CEO и претседател на управниот одбор на КаСис, Филомена Пљаковска Аспровска, од суштинска важност е еднаквата мотивираност и еднаквите можности за вработените – тие им даваат простор да го дадат најдоброто од себе и своите квалитети.

Еуролинк Осигурување за ГЕА: М-р Марија Томеска, Претседател на управен одбор

Подеднаков труд значи подеднаква награда! Компанијата Еуролинк Осигирување е една од компаниите во нашата земја чии напори и посветеност се позитивен пример за родова еднаквост на работното место.

А1 Македонија за ГЕА: Елена Димовска, Раководител на оддел за корпоративни комуникации

Колку пошарен тим со различни поединки – толку подобри резултати за компанијата! За тоа колку е важно вработувањето на база на професионалната подготвеност на кандидатите за А1 Македонија, како и за нивната стратешка определба која се стреми за грижа за животната средина, дигиталната писменост и зголемување на процентот на жени во компанијата ни споделува Елена Димовска, раководител на оддел за корпоративни комуникации во А1 Македонија.

Изразуваме огромна благодарност до нашите партнери кои ја препознаа потребата од ваква иницијатива, како и за нивната неизмерна поддршка за изминатата и понатамошната работа на Алијансата за родова еднаквост.

Алијансата за родова еднаквост – ГЕА е отворена за сите кои сакаат да се вклучат и да ја поддржат нашата работа: genderequalityalliance.org/contact-us