+389 78 58 44 48
info@ecommerce.mk

Новости

Се одржа #1 Afterwork сесија, 2021: “Да зборуваме за ГДПР во е-трговијата”

За подобро разбирање на новата регулатива за заштита на лични податоци – ГДПР (GDPR – General Data Protection Regulation), обезбедување на навремена стручна подготовка и подигање на квалитетот на примена на Законот за заштитата на личните податоци од страна на е-трговците, АЕТМ ја организираше #1 eCommerce Afterwork сесија во 2021 година, на тема: “Да зборуваме за ГДПР во е-трговијата”. Оваа сесија беше овозможена со поддршка на Mastercard и беше наменета само за членовите на АЕТМ.

За време на настанот, Игор Кузевски кој е експерт во областа на заштита на личните податоци одржа предавање преку кое на присутните им помогна да се запознаат со ГДПР, како и со измените во регулативата за заштита на личните податоци и чекорите што треба да се преземат од аспект на имплементација. По информативното предавање следеше интерактивна дискусија помеѓу присутните членови и предавачот која дополнително придонесе за информирање на членовите околу важноста на ГДПР и заштитата на личните податоци во целост. Фотографиите од настанот можете да ги погледнете на овој линк.

 

Post a comment