fbpx
+389 78 58 44 48
info@ecommerce.mk

Новости

Одржано првото собрание на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ

На 20.03.2018 година (вторник), во Хотел Порта – Скопје со почеток од 15ч, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија го одржа првото собрание.

На собранието беа присутни претставницте на членките и почесни членови кои се дел од Асоцијацијата. Во моментов Асоцијацијата ја сочинуваат 24 правни лица, едно физичко лице и 2 почесни членови.

Од АЕТМ изјавуваат дека ги радува тоа што секојдневно добиваат барања за пристапување од најразлични компании кои ја гледаат синергијата од здружувањето на сите засегнати страни со цел делување за креирање на поволна клима за раст на е-трговијата и надминување на бариерите на пазарот.

На првото собрание членките имаа прилика да се запознаат меѓусебно и да разменат искуства, мислења и ставови. Претседателот на АЕТМ, Д-р Нина Ангеловска, на Собранието ја претстави мисијата и визијата на асоцијацијата, ги презентираше изминатите и тековните активности како и планот и програмата за работа на АЕТМ во 2018 година. Беше најавена и организацијата на првата прес-конференцијата која ќе се одржи следната недела (29.03.2018), а на која свои обраќања покрај претседателот на АЕТМ ќе имаат и почесните говорници Министерот за информатичко општетство и администрација г-дин Дамајн Манчевски, Гувернерот на НБРМ г-дин Димитар Богов и регионалната директорка на Mastercard г-ѓа Вања Манова.

На прес конференцијата ќе бидат споделени факти и податоци кои се дел од сеопфатната анализа за состојбата со е-трговијата на која моментално работи Асоцијацијата. Ќе биде презентирана подготвеноста на Македонија за раст на е-трговијата, развојот од 2010 до 2017 година, споредби со ЕУ како и информации за Македонскиот онлајн купувач.

Сите заинтересирани компании може да се информираат повеќе на веб страната на АЕТМ – http://ecommerce.mk/ и да ги следат на нивната Facebook фан страна. 

Виктор Стојкоски