Нина Ангеловска, е избрана како финалист за “Наградата за животно достигнување” (Lifetime Achievement Award) која ја доделува глобалната организација Women in Tech. Помеѓу деветте финалисти за оваа награда се и Директроката на Oracle од САД, Претседателката и оперативна директорка на SpaceX од САД, Директората за технолошка трансформација на Новартис од Швајцарија, и уште неколку жени со значајни достигнувања и успеси зад себе.
Ова е четвртото издание на глобалните награди за жени во технологија “Women in tech Galobal Awards” (https://womenintech-awards.com), кое го организира меѓународна непрофитна организација Women in Tech, a кое ќе се одржи со свечена церемонија на 2ри ноември во Лисабон, Португалија.
Од 1000 номинирани жени, одбрани се 35 финалисти во седум категории, а седум од нив ќе бидат прогласени за добитници на признанијата. Покрај категоријата за животно достигнување во која се наоѓа Ангеловска, се доделуваат награди во уште шест други категории меѓу кои: награда за најголема промена (most disruptive), награда за иницијатива со најголем импакт (most impactful initiative award), награда за поддржувач (ally award), тинејџерка со просперитет (aspiring teen award), стратап (startup award) и награда за глобален лидер (global leadership award).
Инаку, Women in Tech е меѓународна непрофитна организација со мисија да го намали родовиот јаз и да им помогне на жените да ја искористат технологијата. Тие го промовираат зајакнувањето на девојчињата и жените ширум светот, со фокус на Целта за одржлив развој 5б: искористување на технологиите. Седиштето на организацијата е во Париз, а нивното глобално движење е присутно на 6 континенти, броејќи над 70.000 членови.
Ангеловска до сега се има стекнато со бројни меѓународни признанија меѓу кои престижното признание Форбс 30 под 30 (Forbes 30 Under 30). Оваа година Ангeловска, по втор пат беше избрана за „жена амбасадор на e- трговија“ (еTrade for Women Advocate) од страна на УНКТАД – телото на Обединетите нации за трговија и развој, заедно со уште пет други успешни жени претприемачи од целиот свет.