Преку Меморандум за соработка Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Македонската Банкарска Асоцијација, ќе се стремат кон раст на е-трговијата

Денес, меморандум за соработка потпишаа претседателката на Македонската Банкарска Асоцијација – Д-р Маја Стевкова Штериева и в.д. Претстедателот на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – Филип Чижбановски.

Во меморандумот се наведува дека Македонската Банкарска Асоцијација (МБА) и Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) ќе разменуваат информации од заеднички интерес, ќе споделуваат тековни и нови искуства, ќе креираат и земаат учество на настани од областа за е-трговија и ќе придонeсуваат за финансиска едукација и инклузија односно развивање на дигиталната писменост, способности и градење на капацитетен пазар на труд во секторот за е-трговија, како и за развојот на програмите за потребите на корисниците на банкарските услуги. Исто така ќе разменуваат професионални совети и ќе споделуваат тековни и нови искуства.

Изјава од МБА „Со потпишување на овој меморандум за соработка Македонската Банкарска Асоцијација ќе работи на подобрување на банкарските услуги поврзани со е-трговија, унапредување на транспарентноста, безбедноста, брзината и квалитетот при извршување на услугите и ќе се стремиме заеднички да придонесеме кон подигнување на нивото на едукација на клиентите и зголемено користење на платежните картички во секојдневието.” – вели претседателката на Македонската Банкарска Асоцијација, Д-р Маја Стевкова Штериева.

Изјава од  АЕТМ:АЕТМ ја поздравува отвореноста за соработка на банките како значајна алка во синџирот на е-трговијата имајќи предвид дека само со заеднички пристап од сите засегнати страни може да се влијае кон подобрување на условите во кои работат е-трговците и да се стекне довербата на онлајн купувачите.“ – вели в.д. Претседателот на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, Филип Чижбановски.

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија се стреми кон инклузивна е-трговија, а преку потпишување низа меморандуми со засегнатите страни од областа, има за цел да креира иднина за раст на е-трговијата и успех во рамките на Република С. Македонија.

 

Поврзани содржини