Предновогодишна Afterwork прослава со членовите на АЕТМ

Тимот на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија

Со цел да го прославиме доаѓањето на новата година, како и целата напорна работа која беше остварена во текот на 2021 сè со цел нагласување на потенцијалот на е-трговијата во земјата преку реализирање на проекти и иницијативи кои излегуваат во пресрет на оваа брзо растечка индустрија, на 14.12.2021 се одржа предновогодишна Afterwork дружба овозможена од Mastercard и беше наменета за членовите на АЕТM.

Дарјан Раденковиќ, Главен за бизнис развој во Види Вака, зборуваше за маркетинг резолуциите за кои смета дека се најважни за бизнисите да ги опфатат со цел да имаат успешна 2022.

Дарјан Раденковиќ, Chief Business Development Officer во Види Вака

По завршувањето на интерактивната сесија со Дарјан, заедно со нашите членови, соработници, пријатели и партнери без кои македонската е-трговија не би била тоа што е, предновогодишно наздравивме и си посакавме безброј нови успеси во новата 2022.

Во изминатата година направивме многу: во склоп на платформата ecommerce4all.mk го лансиравме првиот онлајн регистар на е-трговци, воведовме беџ за верификуван е-трговец и објавивме 5 успешни приказни во е-трговијата.

Организиравме и бевме дел од многубројни едукативни настани посветени на унапредување на е-трговијата како што е првиот виртуелен хакатон за намалување на сивата економија во е-трговијата, вториот регионален eTrade For Women Masterclass во соработка со UNCTAD како и Afterwork сесиите поддржани од Mastercard.

Ја изготвивме годишната анализа за е-трговија 2021 која веќе трета година е појдовна основа за преземање иницијативи за забрзување на растот и развојот на е-трговијата во Р.С.Македонија.

Бевме домаќини на над 500 учесници на настанот на годината за е-трговија, Четвртата годишна конференција која за прв пат се одржа во хибриден формат, односно со истовремено физичко и онлајн присуство, и од која можеме да заклучиме дека растот на е-трговијата во Македонија продолжува, и дека е потребно постојано учење, менување и адаптирање.

Реализираме нова иницијатива Agri E-commerce наменета за поддршка на 15 македонски агро производители за пласирање на нивните производи за онлајн продажба, како и унапредување и усовршување на нивните дигитални вештини преку низа обуки, а во соработка со ГИЗ ќе креираме регионална платформа со релеватни податоци и ресурси за поддршка на бизнисите во е-трговија во Западен Балкан.


Благодарни сме за довербата и досегашната соработка и силно веруваме дека ќе продолжиме заедно да растеме и придонесуваме за побрз раст и развој на е-трговијата.

Сите фотографии од настанот можете да ги погледнете на овој линк.