Новости од е-трговија

Отворена работна позиција во АЕТМ: Project Manager

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) е првата и единствена Асоцијација чија мисија е да креира поволна околина за забрзан раст на е-трговијата во земјава. Повеќе од пет години АЕТМ го претставува гласот на е-трговијата како етабилирана Асоцијација која брои над 120 членки. Нашите членови доаѓаат од целиот екосистем на е-трговија: е-трговци, финансиски институции, компании за логистика, како и владини институции. Преку организирање на бројни едукативни активности, имплементација на иницијативи и проекти, како и активно медиумско присуство АЕТМ значајно влијае за кревање на свеста за важноста на е-трговијата за економскиот развој на земјава. Тимот на АЕТМ го сочинуваат млади и динамични луѓе со силна пасија за е-трговијата.

Во АЕТМ моментално имаме отворена работна позиција и бараме некој/а со кој е спремен да се впушти и посвети кон реализирање на целите и менување на индустријата заедно со нас. Бараме самоиницијативна креативна и вредна личност со пасија за е-трговија и желба за работа. Ако ова ти звучи возбудливо и сакаш дополнително да учиш и напредуваш во силен и динамичен тим – сакаме да те запознаеме.

Одговорности:

  • Истражување и пишување на проектни апликации
  • Раководење на проекти (организација, извршување, надгледување, контрола и креирање на извештаи-reporting за потребите на проектот)
  • Ангажирање на домашни и странски експерти за потребите на тековните проекти и нивна координација 
  • Координација на контрактори со цел извршување на планирани обврски
  • Промоција на проектите и проектните цели во јавноста
  • Претставување на Асоцијацијата на различни настани
  • Одржување на состаноци со потенцијални членки
  • Одржување на состаноци со владини институции за адресирање на предизвиците со кои се соочува асоцијацијата, кога тоа е потребно
  • Пишување и објави на релеватни текстови поврзани со индустријата на порталот на асоцијацијата
  • Редовно известување и информирање за работата пред раководниот тим на АЕТМ


Во соработка со генерален секретар:

  • Координација на тековни активности и планирање
  • Комуникација со членки на асоцијацијата и креирање на активности согласно потребите
  • Организација на состаноци, работни групи и настани (meetups, едукативни сесии, неформални настани и сл). ±5 годишно
  • Водење на документацијата согласно правилниците и деловниците за работа на Aсоцијацијата

 

Потребни квалификации и вештини:

  • Завршено високо образование 
  • Силни организациски способности 
  • Одлични комуникациски вештини
  • Добро познавање на Google Drive и MS Office (Excel, Word, Power Point);
  • Одлично познавање на англиски јазик (говорење и пишување)
  • Искуство во работа на проекти (претходно водење на најмалку еден проект)

Се смета за плус:

  • Искуство во областа на е-трговијата
  • Искуство во организација и менаџирање на настани
  • Вештини за пишување текстови и copywriting 
  • Внимание на детали и вештини за мултитаскинг
  • Познавање на алатки за едитирање на фотографии (пр. Adobe Photoshop)
  • Основно познавање на wordpress

Се очекува:

  • Желба за учење и напредување во областа на е-трговијата
  • Одговорност, иницијатива и проактивност
  • Позитивен тимски дух и енергија
  • Почитување на рокови
  • Брзина во работа и реализација 

 

Можности:

  • Развивање на нови вештини и знаења
  • Работа во етаблирана асоцијација која е силен претставник на индустријата и која има изградено доверба и релации со институции и реалниот сектор и која нуди можности за напредок
  • Можност за иницирање на нови проекти и идеи и нивна реализација
  • Градење на нови контакти и релации со клучни стејкхолдери
  • Фер однос и мотивирачки систем на наградување и препознавање

 

Предвидена финансиска компензација/конструкција:

Финасиската конструкција ќе биде дефиниранa согласно искуството на кандидатот. (се прифаќаат апликации од junior и senior проектни менаџери)

Работно време: 40 часа неделно со можност за флексибилно работно време од 8:00 до 18:30ч.
Зависно од работните ангажмани и обврски прифатливо е и remote работење по потреба и желба (1 ден неделно со целосно отсуство од канцелариите).

 

За да аплицираш за отворената работна позиција испрати ни твое CV заедно со мотивационо писмо најдоцна до 31.07.2023, 23:59 часот на raboti@ecommerce.mk со subject (наслов): За отворена работна позиција Project Manager

Забелешка: Cелекцијата ќе се спроведе врз основа на доставените апликации. Само избраните кандидати во втор круг ќе бидат повикани на интервју.