Во АЕТМ моментално имаме отворена работна позиција и бараме личност која е спремна да се впушти и посвети кон реализирање на целите и менување на индустријата заедно со нас. Бараме самоиницијативна креативна и вредна личност со пасија за е-трговија и желба за работа. Ако ова ти звучи возбудливо и сакаш дополнително да учиш и напредуваш во силен и динамичен тим – сакаме да те запознаеме.
Идеалниот кандидат ќе биде одговорен за планирање, координација и имплементација на проекти на Aсоцијацијата за е-трговија на Македонија и нејзиното субвенционирање и Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA во однапред дефиниран буџет, временска рамка и опсег. Кандидатот, исто така, ефективно ќе ги следи и презентира ажурирањата на проектот до релевантните засегнати страни, клиенти или членови на проектниот тим.
Одговорности
- Истражување и пишување на проектни апликации
- Раководење на проекти (организација, извршување, надгледување, контрола и креирање на извештаи-reporting за потребите на проектот)
- Ангажирање на домашни и странски експерти за потребите на тековните проекти и нивна координација
- Координација на контрактори со цел извршување на планирани обврски
- Промоција на проектите и проектните цели во јавноста
- Претставување на Асоцијацијата на различни настани
- Одржување на состаноци со потенцијални членки
- Одржување на состаноци со владини институции за адресирање на предизвиците со кои се соочува Асоцијацијата, кога тоа е потребно
- Пишување и објави на релеватни текстови поврзани со индустријата на порталот на Aсоцијацијата
- Редовно известување и информирање за работата пред раководниот тим на АЕТМ
Во соработка со генерален секретар:
- Координација на тековни активности и планирање
- Комуникација со членки на Асоцијацијата и креирање на активности согласно потребите
- Организација на состаноци, работни групи и настани (meetups, едукативни сесии, неформални настани и сл). ±5 годишно
- Водење на документацијата согласно правилниците и деловниците за работа на Aсоцијацијата
Потребни квалификации и вештини
- Завршено високо образование
- Силни организациски способности
- Одлични комуникациски вештини
- Добро познавање на Google Drive и MS Office (Excel, Word, Power Point);
- Одлично познавање на англиски јазик (говорење и пишување)
- Искуство во работа на проекти (претходно водење на најмалку еден проект)
Се смета за плус:
- Искуство во областа на е-трговијата
- Искуство во организација и менаџирање на настани
- Вештини за пишување текстови и copywriting
- Внимание на детали и вештини за мултитаскинг
Се oчекува:
- Желба за учење и напредување во областа на е-трговијата
- Одговорност, иницијатива и проактивност
- Позитивен тимски дух и енергија
- Почитување на рокови
- Брзина во работа и реализација
Можности:
- Развивање на нови вештини и знаења
- Работа во етаблирана Асоцијација која е силен претставник на индустријата и која има изградено доверба и релации со институции и реалниот сектор и која нуди можности за напредок
- Можност за иницирање на нови проекти и идеи и нивна реализација
- Градење на нови контакти и релации со клучни стејкхолдери
- Фер однос и мотивирачки систем на наградување и препознавање
Предвидена финансиска компензација/конструкција:
- Финасиската конструкција ќе биде дефиниранa согласно искуството на кандидатот. (се прифаќаат апликации од junior и senior проектни менаџери)
Работно време: 40 часа неделно со можност за флексибилно работно време од 8:00 до 18:30ч.
Зависно од работните ангажмани и обврски прифатливо е и remote работење по потреба и желба (1 ден неделно со целосно отсуство од канцелариите).
Испрати го твоето CV и мотавицационо писмо на: raboti@ecommerce.mk
Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) е првата и единствена Асоцијација чија мисија е да креира поволна околина за забрзан раст на е-трговијата во земјава. Повеќе од пет години АЕТМ го претставува гласот на е-трговијата како етабилирана Асоцијација која брои над 120 членки. Нашите членови доаѓаат од целиот екосистем на е-трговија: е-трговци, финансиски институции, компании за логистика, како и владини институции. Преку организирање на бројни едукативни активности, имплементација на иницијативи и проекти, како и активно медиумско присуство АЕТМ значајно влијае за кревање на свеста за важноста на е-трговијата за економскиот развој на земјава. Тимот на АЕТМ го сочинуваат млади и динамични луѓе со силна пасија за е-трговијата.