Онлајн продажбата за време на празниците ќе порасне за 25-35%

Истражувачката фирма Делоит очекува онлајн продажбата за време на празничниот период да се зголеми за 25%-35% за сезоната 2020 и да достигне 182 до 196 милијарди долари за продажба на е-трговија во ноември, декември и јануари.

Ова се многу повисоки бројки во споредба од празничната сезона во 2019 година, кога продажбата на е-трговија се зголеми за 13,6% годишно за сезоната, според проценките на Digital Commerce 360, што ја дефинира сезоната на празници во ноември и декември. САД сè уште во голема мерка се бори со пандемијата, што значи дека повеќе потрошувачи се склони да избегнуваат затворен, преполн простор, како што се продавниците за време на празниците.

„Е-трговијата веројатно ќе биде голем победник затоа што потрошувачите јасно покажаа дека се стремат кон онлајн купување отколку кон купување во физички продавници“, вели Даниел Бахман, американски економски прогнозер за Делоит.

Пандемијата го забрза трендот на купување преку Интернет, вели Род Сајдс, заменик претседател на Делоит.

„Covid-19 несомнено го зголеми дигиталниот ангажман на потрошувачите со трговците“, вели тој. „Додека трговците со сигурност се движеа во дигитална насока, covid-19 ја забрза оваа промена“.

Но, влијанието на пандемијата врз продажбата и потрошувачката ќе се почувствува оваа година, очекува Делоит. Tие велат дека вкупната продажба за време на празниците веројатно ќе се зголеми за 1% -1,5%. Ова е многу побавен раст од празничната сезона во 2019, каде што Digital Commerce 360 ​​проценува дека вкупната продажба на мало за ноември и декември 2019 година се зголеми за 4,1%.

„Понискиот предвиден раст на празничниот период оваа сезона не е изненадувачки со оглед на состојбата во економијата“, вели Бахман. „Додека високата невработеност и економската вознемиреност ќе влијаат на вкупната продажба оваа празнична сезона, намаленото трошење на услуги чувствителни на пандемијата како што се ресторани и патувања, може да помогне малку да се зајакне продажбата за време на празниците.“.

Како трговците се подотвуваат за празничната сезона во 2020

Трговците исто така го очекуваат ова забавување на продажбата за време на празниците, според неодамнешното истражување на PayPal. Во нивното истражување во август учествуваа 1.000 мали и средни американски трговци на мало кои користат PayPal во повеќе индустрии, вклучувајќи облека, козметика, домашни производи, електроника и спортски производи.

Генерално, повеќе од една третина т.е 34% од трговците, изјавија дека очекуваат продажбата за време на празниците да биде пониска од минатата година. Само 28% рекле дека очекуваат таа да се зголеми, 21% изјавиле дека мислат дека ќе остане иста и 17% рекле дека не знаат.

За да се зајакне продажбата за време на празничниот период, скоро половина од трговците (49%) планираат да понудат попусти, 43% планираат да го зголемат својот инвентар онлајн, 39% планираат да продаваат на онлајн пазари, 31% планираат да ги направат производите достапни на апликациите за социјални медиуми и 29% размислуваат за зголемување на дигиталното рекламирање.

Поради пандемијата, сезоната на празниците за онлајн купување во 2020 година ќе изгледа различно за трговците во споредба со минатите години, што значи дека и подготовката изгледа различно.

Во изминатите изданија на Internet Retail Magazine (бренд на Digital Comemrce 360) покажаа дека трговците на мало обично ги започнуваат подготовките за празниците во јули, а плановите се финализирани до октомври. Но, оваа година, пандемијата донесе само несигурност во подготовките, според истражувањето на PayPal.

Во анкетата на PayPal во август, мнозинството (57%) од трговците немаат започнато да планираат за претстојната сезона на празници. 28% од овие трговци велат дека не започнале да планираат затоа што сметаат дека е многу рано.

Голем дел од трговците, сепак, се сигурни за следното: Тие нема да вработуваат. 70% од трговците рекле дека не ангажираат дополнителна помош или вработуваат претходно отпуштени вработени поради COVID-19.

Извор: Digital Commerce 360