Народната банка преку ново едукативно видео насловено „Современи начини на плаќање” од серијалот едукативни анимирани видеа „Со Народната банка во светот на финансиите“, продолжува со јакнењето на финансиската писменост и едукацијата на населението во нашата земја.
Видеото е достапно на македонски и албански јазик, а во него се преставуваат начините за плаќање со платежна картичка (контактно, безконтактно и онлајн) со што користењето на платежните картички се доближува до граѓаните.
Погледнете го видеото на македонски јазик:
Погледнете го видеото на албански јазик:
Инаку, ова видео е второ по ред од серијалот видеа насловен „Со Народната банка во светот на финансиите“, којшто НБРСМ го изработува со поддршка од Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ).
Post a comment