Newsletter – алатка за унапредување на вашата компанија

Newsletter-ите се едно од основните средства за комуникација со постојните и потенцијалните клиенти. Дали вреди времето и напорот потрошени за да се креира ваков механизам за комуникација? На кратко – да. На подолго, бенефициите се објаснети во овој блог пост.

Комуницирајте со клиентите

Бидејќи компаниите во е-трговија често немаат можност да ги видат своите клиенти лице в лице, испраќањето newsletter е еден од начините да се отвори канал за редовна комуникација. Со newsletter може да ги информирате потрошувачите за нови производи и да дадете информации што може да бидат корисни за секојдневието на потрошувачите.

„Важно е да се поврзете со клиенти на повеќе точки, а е-поштата е одличен начин да стигнете до голем број луѓе. Ваквите известувања е ефективно, ефикасно и лесно да се персонализираат врз основа на специфични целни публики“ – вели Маргарет Хамнер, постар маркетинг менаџер за е-маркетинг во MailChimp.

Унапредете ја лојалноста

Можеби изгледа дека креирање и праќање на newsletter одзема многу време и енергија, но и вредни ресурси на сметка на продажба и друг тип на маркетинг. Но, ваквите известувања може да бидат одличен дел кој ќе го инкорпорирате во вашата стратегија за продажба и маркетинг стратегија. На долгорочен план, newsletter-ите може да заштедат време, но и да изградат лојалност на клиентите кон вашиот бренд.

„Е-мејл маркетинг е одличен начин да се добие лојалноста на клиентите. Тоа е одлична алатка за одржување на клиентите среќни и информирани. Компаниите заштедуваат многу време правејќи е-маил кампањи, бидејќи испраќањето електронски пораки трае многу малку време, давајќи им на вработените поголема флексибилност на работа”, истакна Изабел Курбат, ко-сопственик на Mailpro.

Утврдете ја вашата видливост

Можеби една од најважните придобивки од newsletter-от е тоа што ве поставува вас и вашата компанија во првите редови на умовите на вашите клиенти.

“Newsletter-от може да ви помогне и да ве позиционира како експерт или вашиот бренд како корисен ресурс доколку редовно нудите вредни содржини на луѓето на вашата листа. Кога редовно се појавувате, помагате да ги потсетите луѓето дека сте таму ” – забележа консултантот Шарон Ернст.

Видливоста е клучна за влијание врз одлуките за купување на потенцијални потрошувачи.

„Newsletter-от е одличен начин да останете во контакт со вашите клиенти и прво на вас да им текнува кога ќе сакаат да направат нарачка, па така вашата компанија да биде онаа од каде ќе се направи нарачката. Видливоста што вашиот newsletter ја обезбедува на крајот ќе доведе до зголемување на продажбата“ – посочи копирајтерот Сузан Грин.


Изградете го вашиот бренд

Кога дизајнирате и составувате newsletter, важно е да размислите како тоа ќе придонесе за идентитетот на вашиот бренд. Кога ќе го направите во таа насока, ќе има еден вид на лесна врска помеѓу сите материјали што ги создавате за да го промовирате вашиот бренд.

„Секој newsletter треба да има полиран, професионален впечаток што ја одржува личната и поврзаноста со вашиот бренд. Не е потребна обука или скапи алатки за да се постигне ова. Фокусирајте се на тоа јасно да се пренесува користта на потрошувачот а користете ги уредите кои веќе ги поседувате“ –  советува Хамнер од MailChimp.

Со текот на времето, ќе треба да оцените како функционира вашиот newsletter и дали ги задоволува потребите на вашите клиенти и вашиот бренд.

„Важно е да се измери ангажманот и интересите за да се утврди која содржина најмногу се поврзува со вашата публика. Ова може да се направи преку организирање теми за содржина во различни блокови и поврзување со дополнителни информации како одреден производ, страница или напис на вашиот блог. Потоа, информациите за поврзување преку кликање на специфични интереси може лесно да се соберат и да помогнат да се утврди која содржина треба да се испрати до одредени клиенти во иднина” – дополни Хамнер.

Развијте лични врски

Еден начин да се избегне бришење на ваквите newsletter-и е да ги персонализирате. Кога им се обраќате директно на корисниците и кога им нудите информација креирана специфично за нив, вашето известување ќе изгледа помалку како маркетинг а повеќе како персонализирана комуникација.

„Луѓето сакаат да добиваат персонализирани newsletter-и. Тоа е одличен начин да им покажете на вашите клиенти дека се грижите за секој од нив. Исто така, персонализирањето на вашиот newsletter ги зголемува вашите шанси да не одите во спам-папки”, рече Курбат од Mailpro.

Тоа е и ваш интерес, но е и интерес на вашите клиенти.