Новости од е-трговија

Не пропуштајте да се приклучите на IT4Charity 2024 – донирајте, трчајте, рециклирајте!

Сѐ уште има време да се приклучите на хуманитарната иницијатива IT4Charity 2024! Пријавите се отворени, и вашето учество е повеќе од добредојдено. 💝 🏃 🏃🏻‍♀️ ♻️

Со приклучување кон оваа иницијатива, имате можност да направите значаен придонес кон општеството и да помогнете на најранливите категории. Вашата поддршка ќе обезбеди неопходни ресурси и професионална помош за 140 деца и 80 згрижувачки семејства дел од Foster Family Care програмата на СОС Детско село.

Дополнително, имате можност да придонесете за подобра животна средина преку рециклирање ПЕТ пластика и лименки и собирање зелени поени со апликацијата на ПАКОМАК кои ќе ги донирате за СОС Детско село и учествувате во хуманитарната трка на 15.09.24 – недела.

Деталите за овогодишниот IT4Charity повик се дадени подолу  👇🏼😊

За пријавување на вашата компанија, посетете го следниов линк: https://sos.org.mk/it4charity/ или директно комуницирајте со претставниците на СОС Детско село преку маил на ljubica.atanasova@sos.org.mk и Sofija.Stojkov@sos.org.mk или телефонски на +389 (0) 76 220 472 – Љубица или +389 (0) 75 387 953 – Софија, најдоцна до 27 август 2024 година.

Вашето учество е клучно за успешната реализација на оваа иницијатива и обезбедување подобра, зелена иднина за децата и семејствата на кои им е најпотребна помош.

Ајде заедно да направиме разлика!

Поврзани содржини