fbpx
+389 78 58 44 48
info@ecommerce.mk

Новости

[Во сеќавање] Моќни пораки од Хајан Селмани кои засекогаш ќе останат запаметени!

Со огромно неверување ја примивме веста за прераната смрт на Хајан Селмани, сопственик на HASELT, компанија која обединува над 60 експерти низ целиот свет со свои главни канцеларии во Скопје, Цирих и Њујорк.

Хајан од самите почетоци беше еден од најголемите поддржувачи на Асоцијацијата за е-трговија во Македонија. Секогаш го даваше максимумот за со неговото познавање придонесе кон подобрување во повеќе области во нашата држава, меѓу кои и е-трговијата.

Претставуваше симбол за човечноста и добрината. Човек со огромно срце и прекрасна душа, брилијантен ум, секогаш храбар и посветен на прогресот. Беше одличен лидер кој за само 6 години изгради компанија во која вработените беа среќни и се натпреваруваа на глобален пазар. Хајан секогаш зборуваше за важноста на луѓето и неговата големина беше во тоа што тој знаеше да го цени и почитува секого.

Во негова чест, објавуваме негови моќни пораки кои засекогаш ќе ги паметиме!

#1
“Life is not about getting and having. Life is about giving and being.”

#2
“We always talk about the success of ourselves, but we forget very often that everyting we do is because of someone else.”

#3
“Јас сум онолку вреден и значаен, колку што правам и можам да направам нешто вредно, позитивно, значајно, добро и корисно за другите луѓе околу мене, за светот.”

#4
“Do not forget to always:
– appreciate others
– be thankful
– give and share
– be a helping hand to others
– be truthful, even when it’s not that easy”

#5
“Most of the time, people don’t know what they have until they lose it. Please, do not underestimate the value of the things you have and do not take them for granted, it’s an illusion if you think you can only go upwards in life. The moment you lose something valuable is the moment you go downwards.”

#6
“Learn to respond, not react. Reaction typically provokes more reactions, while response creates understanding, respect and true collaboration.”

#7
“You are the best version of yourself the moment you bring out the absolute best in others.”

Хајан беше говорник на повеќе од 400 предавања и јавни говори на тема претприемништво, технологија, лидерство и мотивација.
Што за него претставувашe успехот и што нè спречува да бидеме успешни на прво место, дознајте од неговиот говор на TEDxBudva.

Виктор Стојкоски

Post a comment