Новости од е-трговија

Првa Online конференција Let’s Make BackUp for All

По повод Светскиот ден на бекапот, компанијата B-Up ја организира првата онлајн конференција која е наменета за сите луѓе и компании кои поседуваат компјутер и сакаат да одржат бизнис континуитет.

Насловот е “Let’s Make BackUp for All!” – кој повикува да се приклучат што повеќе луѓе во мисијата заеднички да се направи бекапот достапен за сите и да се покрене свесноста за значењето и неопходност на бекапот, како составен елемент на животот на секој дигитален податок!

Конференцијата е закажана на 29.03.2019 @14h~16h. Сите заинтересирани можат да се регистрираат на следниот ЛИНК.

На конференцијата ќе има повеќе говорници од различни области, приватен сектор, експерти од МАСИТ и ИнноФЕИТ кои ќе зборуваат на теми како “Бекап – трошок или инвестиција” , “Бизнис континуитет преку BackUp – must for GDPR”, “Ransomware as a Service” и “Cyber security (колку се сигурни Вашите податоци со online backup)”

Пријавувањето е бесплатно и истата ќе биде онлајн, односно ќе се следи од вашиот компјутер или телефон, како и со live streaming на Facebook.

По завршување на конференцијата, B-Up најавуваат eBook – прирачник за справување и подготвување на компаниите во случај на хаварија.