Maitube – електронска препорачана испорака
Заштитата на чувствителни податоци сместени во различни типови електронски документи при нивна електронска испорака е од огромно значење во денешното опкружување. MailTube е услуга која овозможува безбеден метод за електронска испорака на документи кон и надвор од компанијата. За процесот на испорака постојат контолни записи (ревизорска трага) врз основа на кои со сигурност може да се потврди дали испратената електронска порака е прочитана и дали документот прикачен на пораката е преземен.
Што е MailTube?
MailTube e сеопфатна услуга поставена во облакот на КИБС за безбедна достава на датотеки од сите видови и големини. Услугата се прилагодува на потребите и ограничувањата поставени пред компаниите за заштита на податоци при нивен електронски пренос.
Услугата MailTube е безбедно и едноставно решение кое:
- Содржи напредни безбедносни механизми вклучително шифрирање од типот AES-256. Овој напреден стандард денес е најчесто користен поради својата безбедност.
- Корисникот лесно ја прифаќа како интуитивна веб-базирана платформа на која може да се пристапи преку било кој интернет прелистувач. Оттука не е потребна никаква интервенција на корисничките работни станици.
MailTube преку мноштво интерфејси (API) е дизајниран да може да се прилагоди во постапките при дигитализирање на деловните процеси за безбеден електронски пренос на датотеки.