
Специјализирани обуки, конференции и настани поврзани со е-трговија за различни аспекти кои им се потребни на членките во организација на АЕТСМ преку партнерства со членките (бесплатно или по специјални промотивни цени за членките)
Учество во организирани настани за разменување на мислења помеѓу членките за отворање на нови бизнис можности, познанства и партнерства. Поврзување на членки и органзирање на состаноци за соработка.
Newsletter известувања за анализи и пристап до податоци од областа на електронската трговија во С. Македонија, информации за настани и случувања за е-трговијата во С. Македонија и Европа.
Промоција – членките на АЕТСМ и нивните услуги ќе бидат промовирани пред индустријата за електронска трговија во С. Македонија и Европа (поставување лого на веб страната www.ecommerce.mk)
Идентификување на потребите и предизвиците на членките; застапување на интересите на членките при соработка со интитуциите за елеминирање на пречките и подобрување на состојбите.
Членовите на АЕТСМ добиваат повластена цена при аплицирање за беџ за верификуван е-трговец и повластена цена за годишен надомест за беџ за верификуван е-трговец. согласно правилникот за беџ.
| Број на вработени | Годишна членарина во АЕТСМ |
|---|---|
| 0-9 | 180€/Годишно |
| 10-50 | 350€/Годишно |
| 51-100 | 590€/Годишно |
| >100 | 1.100€/Годишно |
| ПРЕМИУМ ЧЛЕНСТВО | 2.500€ + 18% ДДВ + Членарина од основен пакет |