Новости од е-трговија

Известување за прием, пренос на пратки во меѓународен поштенски сообраќај

Испораката е една од клучните алки во процесот на е-трговија. Во ситуација кога се соочуваме со затворени граници и навистина тешки околности за испорака надвор од државата, во целост го пренесуваме известувањето Пошта на Северна Македонија за прием, пренос на пратки во меѓународен поштенски сообраќај.

„Поради актуелната состојба со коронавирусот (COVID-19), Пошта на Северна Македонија континуирано прави напори за воспоставување на пренос на поштенските пратки во меѓународен поштенски сообраќај кон што повеќе земји.

ПРАТКИ ВО МЕЃУНАРОДЕН ПОШТЕНСКИ СООБРАЌАЈ ЗАСЕГА СЕ ПРИМААТ САМО ЗА:  АЛБАНИЈА, ГРЦИЈА (ОТПРЕМА СЕ ВРШИ СЕКОЈ ДЕН ОД ПОНЕДЕЛНИК ДО ПЕТОК), БУГАРИЈА, РОМАНИЈА И ТУРЦИЈА (ОТПРЕМА СЕ ВРШИ ТРИПАТИ НЕДЕЛНО И ТОА: ПОНЕДЕЛНИК, СРЕДА И ПЕТОК).

РАБОТИМЕ НА ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДЕН ПОШТЕНСКИ СООБРАЌАЈ И СО ДРУГИ ЗЕМЈИ И СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА ВО БРЗО ВРЕМЕ ЌЕ МОЖЕМЕ ДА ПРИМАМЕ И ОТПРЕМАМЕ ПРАТКИ КОН УШТЕ ПОВЕЌЕ ЗЕМЈИ.“