[Интервју] Теодора Филовска, Galeksia: Се повеќе луѓе стануваат свесни за потребата од дигитални вештини за модерното работење

Неформалното образование зазема се поголем процент од глобалната едукација, особено кога станува збор за дигитални вештини. Инвестицијата во сопствениот развој и развојот на вработените е од клучно значење за сите оние кои сакаат да напредуваат и да се во тек со најновите промени. На тема зошто е потребно неформално образование за дигитален маркетинг, разговараме со Теодора Филовска, сопственик на Galeksia – институт за дигитален маркетинг.

АЕТМ: Колку е потребно неформалното образование и како се разликува од формалното?

Теодора од Galeksia: Формалното образование ја дава основата, а неформалното е она кое помага за континуиран раст и развој на професионалните вештини и ви ја дава практичната примена потребна за успех.

Главната разлика е пред се во начинот на кој се пренесува знаењето. Неформалното образование ги следи најновите промени и ви помага да сте во тек со сите новости и промени, кои се доста чести и динамични особено во IT индустријата и дигиталниот маркетинг.

Неформалното образование е задолжително за секој кој сака да се истакне од „толпата“ и да ги унапреди своите практични вештини со кои ќе може да ја развие својата кариера или бизнис. 

АЕТМ: Какви можности дава неформалното образование и како допринесува за зголемување на компетентноста на пазарот на труд?

Теодора од Galeksia: Како целина, би рекла дека неформалното образование ги отвара вратите кон светот. Можностите за успех се многубројни во било која сфера, а особено во дигиталниот маркетинг.

Се’ што учиме на страна од формалното образование спаѓа во неформално образование, без разлика дали станува збор за читање книги, запишување на професионална програма, работа на реален проект, комуникација со луѓе. Колку повеќе инвестирате во неформално образование, толку сте покомпетентни на пазарот на труд, затоа што стекнувате многу повеќе вештини и со тоа сте подготвени за освојување на нови предизвици.

АЕТМ: Што е она што програмата на Galeksia го дава во истата насока?

Теодора од Galeksia: Програмата за Professional Diploma in Digital Marketing која се изучува на Galeksia ги дава сите потребни информации и практични вештини за 10те најважни елементи од дигиталниот маркетинг, распоредени во 10 модули. 

Со оглед на тоа што програмата и целиот материјал е на англиски јазик, учесниците од самиот старт се подготвуваат за развој на својата кариера не само на нашиот пазар, туку и интернационално.

Дополнително, Galeksia има соработка со голем број успешни компании од нашата држава и странство, а со тоа им овозможуваме на нашите учесници да работат на реални проекти и практично да го применат стекнатото знаење.

Она што најмногу ме радува е што имаме се повеќе учесници кои се претставници на успешни компании и кои ја гледаат вредноста во нашата програма и нивните бизнис цели кои можат да ги постигнат со стекнатото знаење.

AETM: Во кои се индустрии и области наоѓа примена дигиталниот маркетинг? 

Teoдора од Galeksia: Не верувам дека постои индустрија или област во која дигиталниот маркетинг нема примена. 🙂 Брзиот развој на технологијата бара од компаниите континуирано да вложуваат во доедукација на стручен кадар за дигитален маркетинг, со цел да ја задржат или зголемат својата позиционираност на пазарот. 

Исто како и IT вештините, дигиталниот маркетинг наоѓа примена буквално во секоја индустрија во модерното живеење. Секоја компанија, без разлика дали е B2B или B2C може да искористи барем дел од бројните бенефиции на дигиталниот маркетинг.

АЕТМ: Што значи да се биде сертифициран дигитален маркетер и зошто е важно да се поседува глобално призната диплома? Каде се’ има примена дипломата на Galeksia?

Теодора од Galeksia: Кога ќе одлучите финансиски да инвестирате во неформално образование, покрај стекнувањето со практично применливо знаење, важно е да имате и легитимна, интернационална потврда за едукацијата со која сте се стекнале. Затоа е особено важно да инвестирате во програма која ќе ве едуцира, ќе го провери вашето знаење и ќе ви издаде интернационална потврда со која ќе можете да ја унапредите кариерата кај нас или во странство.

Глобално признатата диплома која учесниците на нашите програми ја добиваат по успешно положување на завршниот испит е доказ за нивното знаење стекнато во текот на програмата. 

Дипломата која се добива со Galeksia е интернационално призната и одобрена од лидерите во индустријата, меѓу кои се Facebook, Google, IBM, Linkedin, Microsoft. Тоа значи дека сите овие компании не само што директно учествуваат во креирање на нашите програми, туку и дел од нивните вработени веќе се сертифицирани со истиот сертификат. 

Со тоа, нашите дипломи имаат примена на интернационално ниво, без разлика дали станува збор за старт-ап компании или гиганти како горенаведените.

АЕТМ: Споредба на Македонија со странство, колку има простор и можности за оние кои сакаат да навлезат во светот на дигиталниот маркетинг? (дали е презаситен пазарот, или напротив, не е доволно развиен)

Теодора од Galeksia: Тешко прашање. 🙂 Според нашите анализи и она што го забележуваме на пазарот на труд, но од друга страна и побарувањата на компаниите, дефинитивно нашиот пазар има уште можности за развој.

Ме радува што гледам дека се повеќе компании стануваат свесни за потребата од дигитален маркетинг, а со тоа и дигитални маркетери кои ќе бидат членови на нивниот тим, па со тоа се отвараат се повеќе огласи за вработување од оваа област.

Во делот на индивидуалците кои сакаат да се развијат во насока на дигитален маркетинг, сметам дека се уште немаме доволно стручен кадар на тоа ниво на кое овие активности се реализираат во светот.

Добрата вест е што се повеќе луѓе стануваат свесни за потребата од дигитални вештини за модерното работење и се повеќе од нив одлучуваат да инвестираат во неформално образование кое ќе им донесе раст во кариерата и можности за освојување на нови предизвици. 

АЕТМ: За само една година Galeksia стана Platinum partner на DMI. Што направи Galeksia за да добие вакво големо признание за толку краток период и кои се плановите за претстојниот период?

Теодора од Galeksia: Нашата главна цел како компанија од самиот старт е да го подигнеме нивото на неформална едукација за дигитален маркетинг во нашата држава. Во изминатата година остваривме соработка со многу успешни компании, меѓу кои Neptun, HalkBank, Vivaks, Книжарница Матица, Божиновски часовници и накит, Bella и многу други, кои ни ја дадоа својата доверба и им овозможија на учесниците на нашите програми практично да го применат знаењето преку работа на реални проекти. 

Дополнително, чест ми е да споделам дека имаме одличен тим на ментори со интернационално искуство, кои се професионалци во својата област и се целосно посветени детално да го пренесат своето знаење. Освен менторите, целиот тим кој стои зад Galeksia континуирано и напорно работи за да обезбеди беспрекорен квалитет на наставата и да им помогне на сите учесници успешно да го положат завршниот испит.

Главните критериуми за да го добиеме ова големо признание, односно да станеме еден од 4-те најдобри партнери на Digital Marketing Institute на глобално ниво, од над 100 глобални партнери, беа: квалитетот на наставата, процентот на кандидати кои успешно го положија главниот испит и фидбекот кој го даваат нашите студенти за целокупното искуство со Galeksia.

Ова признание уште повеќе не’ мотивира да работиме на унапредување на неформалното образование кај нас и да им овозможиме на што повеќе индивидуалци и тимови да ги развијат своите дигитални вештини.