[Интервју] Маја Таневска, ddstore.mk: Трендовите во дигиталниот маркетинг и е-трговијата се движат вртоглаво брзо, треба да се држи чекор со се!

АЕТМ: DD Store е компанија чија главна дејност е продажба на IT опрема и услуги. Имате повеќе од 16 годишно искуство во IT индустријата, и веруваме дека природен чекор во развојот на вашата компанија било и отворањето на е-продавницата и започнување со онлајн продажба на вашите производи. Од кога постои е-продавницата на DDStore и какво е вашето досегашно исксутво со истата?

Маја Таневска, ddstore.mk: Компанијата е основана во 2006-та година и нашата главна дејност е продажба на хардвер преку организирана мрежа на дистрибутери. Во соработка со повеќе од 15 дистрибутери на ИТ опрема во Македонија, наша главна цел е да им обезбедиме на нашите клиенти најголем избор на ИТ опрема, и можност за набавка и на тешко достапните артикли на пазарот.

Како усовршување на секторот за продажба на хардвер, во 2011 креиравме е-продавница како комплетен сервис за менаџирање на онлајн продажба. Со имплементацијата на ДДСтор.МК, се доближуваме до нашата цел, преку автоматизирано секојдневно ажурирање на цените, залихата и бројот, производите да бидат достапни во секое време. Со презентирање на речиси сите моментално достапни производи на пазарот, Ви даваме комплетна слика на ИТ пазарот во Македонија и понуда на сите производи кои можете да ги набавите на едно место, по актуелни и редовно ажурирани цени.

Водење на една е-продавница и воопшто, водење на е-бизнис не е лесно и едноставно. Со самото стартување на DDStore на почетокот а и низ годините досега, сме се соочувале со различни предизвици од процесирање на нарачка до достава. Продаваме продукти кои ги немаме на залиха во наш магацин, што реално е во основата на проблематиката. Еден од поголемите проблеми за нас беше изнаоѓање на софтверско решение за унифицирање на податоците за продуктите, бидејќи секој од дистрибутерите на своја страна користитат различни системи и различни типови на фајлови. Потоа, навремено ажурирање на цените и количините затоа што најбитно од се е на нашите корисници да им дадеме точни информации за производот кој сакаат да го купат. Дополнително, во 2018 почнуваме со наш увоз и наши магацини и залихи, што дополнително ја зголемува комплексноста на системот.

Тоа што го приметуваме е дека трендот за онлајн купување е значително пораснат во последно време, на што дефинитвно влијаеше пандемијата, па затоа активно работиме на функционалности за усовршување на искуството за користење на е-продавницата за да овозможиме што е можно поголема прегледност на продуктите и за нивната спецификација.

АЕТМ: На првата обука од програмата „Дигитални вештинии за раст“ која се одржа во текот на јуни и јули, зборувавме за tips & tricks за менаџирање и одржување на е-продавница. Дали при вашата работа сте имале потешкотии со одржување на вашата е-продавница, со менаџирање на нејзините залихи и дали преку обуката се запознавте со нови алатки кои би ви го олесниле работењето на дневна основа?

Маја Таневска, ddstore.mk: Како што веќе напоменав, речиси е невозможно да не се соочиш со било каков предизвик/пречка кога сте почнале да работите една е-продавница. Од самиот старт тоа сме го прифатиле како дел од работата и сме научиле да се носиме со сите промени кои произлегле, а притоа да ги менаџираме работите. Со широко отворени раце го прифаќаме секој нов предизвик, секоја нова промена, учиме од грешките (затоа што само така се учи најдобро). Се трудиме да бидеме во чекор со сите нови трендови кои ги налага дигитализацијата како во делот на е-продавницата и продажбата, така и во дигиталниот маркетниг. Присутни сме на речиси сите социјални мрежи и ги користиме како канал за комуникација и рекламирање што сметам дека е неизбежен дел од процесот на еден е-бизнис.

Едноставно се прилагодуваме на сите промени кои ги налага новото време, се адаптираме на барањата на нашите клиенти, учиме од нив и сме отворени за секакви критики. Само на тој начин најдобро ќе си ја запознаеш buyer персоната, затоа што секој бизнис е различен и уникатен на свој начин.

Потешкотиите се во поглед на тешко добивање на информации за залихи од дистрибутерите, а со тоа тешко давање на наша точна информација кон клинетите. Секој дистрибутер си има своја политика на работење и различен начин на работа. Од пред 10 плус години до сега, ова е донесено/средено до некое повисоко ниво, како кај дистрибутерите така и кај нас, но има уште сегменти да се “испеглаат” за да го достигнеме посакуваниот резултат.

Во поглед на првата обука чиј ментор беше Дамјан “Дигитални вештини за раст” и за сите tips & tricks кои ни ги посочи како важни за да се постави основата на една е-продавница, можам со задоволство да кажам дека добар дел од споменатото за тоа како треба и кои алатки/начини се битни за водење на е-продавница, ги имаме прифатено и ги применуваме.

Долго време сме во бизнисот и сме преземале се што е потребно за да се следи целата аналитика. Одржуваме неделни, месечни, квартални состаноци на кои правиме пресек и преку различни алатки/софтвери следиме како се движела работата за периодот, што ново сме примениле, што треба да преземеме како следен чекор, што да подобриме, како треба или не треба да продолжиме итн…

На обуката беа презентирани голем број на алатки, кои секако сами по себе се различни, но целта им е иста, да даваат точна слика за тоа што треба да измериме и да ни биде дадено како информација. Верувам дека за секој еден бизнис, секоја една алатка си ја наоѓа својата примена. Секој еден бизнис е различен, но секако целта е таа, да знеме во скоеј момент како работи нашата продавница и како натаму да се развива.

Google Data Studio и Pingdom се многу корисни алатки, нешто што до сега не сме го користиле како помошник околу анализите, па затоа по обуката ги користиме како плус опција во секојдневното работење за следење на работата на продавницата.

AETM: Дали мислиш дека учеството на вакви обуки кои пренесоа дел од најдобрите стратегии за е-трговија и маркетинг носи вистинска вредност и ново, практично знаење што би можеле да го имплементирате при продажба и рекламирање на вашите производи и услуги?

Маја Таневска, ddstore.mk: Секако дека ДА! Трендовите во дигиталниот маркетинг и е-трговијата се движат вртоглаво брзо, треба да се држи чекор со се! На сите три обуки беа претставени сите оние digital skills, сите нови начини на рекламирање, одржување, како треба и не треба да се пристапи во целата приказна наречена е-продажба. Предавачите Дамјан, Мартин и Дарко се луѓе со долгогодишно искуство секој во својата сфера, кои во целост го пренесоа сето свое знаење и ни дадоа еден “ветер во грбот” храбро, без предрасуди да превземаме ризици и иницијативи доколку сакаме да бидеме најдобри во тоа што го правиме/работиме.

Лично, некако креативниот дел од маркетингот ми е поомилен, така што втората обука “Social Media Marketing & Storytelling” со Мартин беше вистински бум! Многу супер и модерни идеи беа прераскажани, пренесена позитивна енергија, споделни лични искуства. Беше едно – Super cool experience!

Дефинитивно преземени во целост идеи за водење на нашите дигитални канали! Нели, победник на крајот е оној кој ќе се изрекламира/продаде најдобро на пазарот!

П.С. За да го направи тоа, треба најдобро што може да ја раскаже својата бизнис приказна и својата/ите кампања/њи.

AETM: Што би издвоиле како најголем бенефит од учеството во програмата?

Маја Таневска, ddstore.mk: Можам да кажам дека од оваа обука се стекнав не само со знаење, туку и самодоверба која далеку повеќе ни треба во работата и во тоа како и на кој начин теба да ги носиме идните одлуки.

Во однос на самата обука сум презадоволна од начинот на кој менторите навлегуваа во секој посебен дел/сегмент од маркетингот и е-прoдажбата. Научивме на што и каде најмногу треба да обрнеме внимание. Што да контролираме во поглед на аналитика и алатки.Да согледаме каде правиме грешки и како истите да ги подобриме/поправиме со цел да бидеме најдобри во тоа што го правиме.

Се надевам дека во иднина ќе имаме можност за учество на уште вакви обуки и воедно голема благодарност за иницијативата на Асоцијацијата за е-трговија на Макдонија – AETM на дадената можност да бидеме дел од оваа приказна!

Поврзани содржини