Со над 4.000 активни корисници во 14 различни градови, FitKit станува еден од најистакнатите играчи во велнес индустријата. На наше задоволство разговаравме со Јосиф Дамјанов, ко-основачот на FitKit, за почетоците и сегашниот успех на FitKit, како и за нивната истрајност и желбата да го направат активниот начин на живот достапен за секого. Разговорот го продолживме за нивниот кредитен систем “Фиткит Кредит” кој нуди pay-per-use за фитнес и велнес услуги и од кој имаат корист и поединците и компаниите, за регионалното проширување, за предизвиците и можностите што ги претставува новиот пазар, за претстојните функции, вклучувајќи проширена понуда, гемификација и подобрата поврзаност со корисниците. Но, разговаравме и за нивното партнерство на шестата регионалана конференција за е-трговија кое се усогласува со мисијата на FitKit да ја подобри е-трговијата и дигиталната средина и за клиентите и за партнерите, поттикнувајќи здрав и одржлив екосистем.
FitKit е најголемиот pay-per-use фитнес и wellness провајдер во С. Македонија со над 4,000 активни корисници и голем избор на услуги низ 14 различни градови. Дали можете да ни кажете повеќе за патувањето на FitKit низ кое стана навистина истакнат играч во wellness индустријата од самите почетоци, па се до сега?
Јосиф: Fitkit стана истакнат играч во wellness индустријата исклучиво поради нашата тврдоглавост, верба и длабока желба да го направиме активниот живот подостапен и фер за секого. Токму затоа и низ годините успеавме да привлечеме провајдери од фитнес секторот, од спа секторот и од секторот за ментално здравје. Веруваме дека целокупниот велнес доаѓа кога телото, духот и мозокот работат во синергија. Секако, технологијата и тимот на луѓе кои што овозможуваат да имаме корисничка поддршка, комуникација со нови и веќе постоечки клиенти се од огромно значење, и како и секое патување има ситуации со кои што не очекуваш да се сретнеш, но тогаш повторно се враќаш на почетокот и се запрашуваш “зошто го почнавме ова?”
FitKit нуди уникатен систем со кредити за фитнес и велнес услуги. За сите оние што не знаат и сѐ уште се немаат сретнато со вашата апликација, можете ли накратко да ни објасните како функционира овој систем и како може да им користи и на поединци, и на компании кои сакаат да ги овозможат овие услуги на своите вработени или клиенти?
Јосиф: Ние ја вреднуваме секоја услуга со нашата интерна валута ‘Фиткит кредит’. Тоа значи за било која посета или искористена услуга корисникот треба да потроши онолку кредити колку што вреди услугата која што сака да ја искористи. Овој бизнис модел ни помогна да понудиме и уникатна Pay Per Use опција за нашите корпоративни корисници кои што нудат Фиткит кредити за своите вработени. Така, компаниите добиваат фер можност да понудат фитнес и велнес бенефиции за своите вработени, но да ги платат исклучиво они кредити кои што се искористени. Од друга страна пак, за оние поединци што не сакаат да бидат ограничени во бројот на посети, постојат нашите 4 претплати кои што им овозможуваат неограничено користење на активности и услуги.
FitKit не само што навистина напредува во нашата земја, туку и неодамна соопштивте дека ги проширувате своите услуги во Грција. Што можете да ни споделите на оваа возбудлива и интересна тема? Со какви предизвици се соочивте при оваа експанзија и какви можности предвидувате на грчкиот пазар?
Јосиф: Во Грција добивме можност да ја почувствуваме онаа гужва од пеперутки во стомак кога почнуваш од почеток 😊 Се работи за комплетно нов пазар, во кој што не познаваш никого, немаш никаков имиџ и не можеш да предвидиш како ќе бидеш прифатен. Во моментов работиме на популација на нашата понуда и секојдневно комуницираме и се среќаваме со менаџерите и сопствениците на фитнес центри, студија, тренери и спа центри.
Со едноставно e-commerce решение како вашето кои нуди многу можности и овозможува пристап до повеќе спортски сали, спа центри и можности за одржување на менталното здравје преку само една апликација, FitKit ја револуционизира фитнес и велнес индустријата. На кој начин мислите дека овој модел ја обликува иднината на wellness индустријата, и какви нови функции или унапредувања на апликацијата може да очекуваат корисниците во блиска иднина?
Јосиф: Нема да бидам скромен кога ќе речам дека Фиткит помага во подигнување на стандардите во Фитнес и Велнес индустријата. Прво е дигитална платформа која што најчесто прво ја прифаќаат попрогресивна група на нашето општество. Дополнително, системот на оценување на услугите не’ направи поголем и порелевантен агрегатор на објекти од оваков тип дури и од Google. Сето тоа придонесе да самите сопственици на фитнес центрите искрено се грижат за искуството на клиентите во целост. Во блиска иднина може да очекувате уште поголема понуда, gamification опции и уште поголема поврзаност со корисниците.
FitKit веќе втора година по ред е помеѓу поддржувачите на регионалната конференција за е-трговија, оваа година како наш сребрен партнер. На кој начин ова партнерство се усогласува со мисијата на FitKit за подобрување на е-трговијата и дигиталната средина за вашите клиенти и партнери?
Јосиф: Фиткит е многу свесна компанија која што ги безрезервно ги поддржува заедниците во кои што оперира и сметам дека за да еден екосистем биде здрав и одржлив, мора да постои еднаквост во придонесот од двете страни на приказната. Ние добиваме огромна корист од асоцијацијата преку вмрежување, едукации, пристап до информации и поддршка во делот со е-трговија. Затоа и чувствуваме потреба да вратиме назад.