“Ние сме убедени дека иднината е во примена и имплементација на нови технологии и вештачка интелигенција и тоа ќе го следиме и ќе се обидеме да го применуваме секаде каде ќе имаме можност„ – ни истакна Игор Гешовски, основачот на ЕЛС, во интервјуто кое го имавме пред 6-тата регионална конференција за е-трговија.
Со Игор разговаравме на теми поврзани со состојбата на е-трговијата во Македонија, примената на новите технологии и вештачката интелигенција во процесите на online тргувањето, нивната позиционираност на пазарот и нивните новитети како супер брзите пратки во Скопје и услугата достава на пратката во ист ден низ градовите во државата.
Како ја гледате состојбата на е-трговија во Македонија и регионот?
Игор: Би сакал да истакнам дека во нашата држава има одреден раст што е позитивно, но сепак растот не е на завидно ниво или процентот на раст е вратен на ниво пред ковид пандемијата. Слична е состојбата и во регионот и мора да констатираме дека нашата држава заедно со државите од регионот се на последните места во е-трговијата во Европа. За оваа состојба има повеќе фактори, секако недостасува поддршка од државите,едукација, информираност и гаранција при плаќањето. Како што знаеме сите има широко распространета сива економија и кеш, а државата од неразбирливи причини не го олеснува плаќањето по електронски пат, а и провизиите се многу високи, затоа компаниите и луѓето избегнуваат плаќање преку електронски картички или други електронски начини. Секако треба да напоменеме дека Македонија сеуште нема воводено електронска фискална сметка. Да не заборавам да напоменам ние сме единствен реон во Европа, каде е многу слаба или слободно може да констатираме, е никаква размената на меѓународни пратки, освен оние на интернационалните меѓународни пошти, на кои услугите им се многу скапи, што дополнително придонесува како регион да бидеме на последните место во Европа. Сепак да истакнам дека има интерес од меѓународни компании и платформи како на прмер Ананас кои започнуваат да се позиционираат кај нас и регионот, со тоа мислам дека бројките ќе бидат подобри, а воедно и нашите трговци ќе научат како да се подобрат и позиционираат на пазарот кај нас и во светот. Уште една добра работа е што луѓето и компаниите станаа свесни за поставување на добри веб – продавници и платформи за продажба, а и самото тоа го наметна интересот на странските компании, па така во последно време понудата е се подобра и поквалитетна на пазарот, а како пример ќе го наведам и започнувањето на работата на CC Partner, како ексклузивен претставник на CloudCard водечка компанија за подигање и водење на електронски продавници во регионот, кој помага за многу едноставно поставување на бизнисот на интернет и дава целосно автоматизирано водење и следење на бизнисот, маркетинг подршка и сето тоа води кон подобри резултати и зголемена продажба на online корисниците. Затоа мора да бидеме оптимисти дека доаѓаат подбри времиња за е-трговија кај нас и во регионот.
Како е позиционирана Вашата компанија на пазарот и дали нуди некои новитети?
Игор: Во овие тешки времиња на континуирана криза и разни предизвици, ние успеавме да бидеме цврсто позиционирани на првото место во нашата држава и тоа со повеќе од 50% од официјалните регулирани е-трговици во државата. Затоа сме и официјално наградени од Агенцијата за пошти која е официјално тело и регулатор за работите на поштите и задолжена за прибирање на информации за следење и работата на поштите. Така да ако погледнете на нивната официјална страница ќе видете дека по основ на сите категории нашата компанија е убедливо на првото место, и секоја година бележиме раст. Сепак сакам да истакнам дека растот на компанијата е поврзан со развојот на разни видови услуги, градење на систем и логистички концепт, кој се разликува од останатите компании на пазарот. Покрај тоа што имаме најмногу бази и одлично развиена инфраструктура исто така имаме и најдобар возен парк. Постојано вложуваме во едукација и обука на кадарот, а во лепезата на сервиси што ги нуди компанијата се води како водечка компанија во регионот. Ние овозможивме квалитетно и професионално пакување и амабалажа за пратките во нашите бази, со цел да се обележат подобро и да се заштитат производите. Воведовме достава со двајца доставувачи на габаритни пратки до внес во одредена просторија во домовите или просториите од компаниите (two man dеlivery). И уште многу други услуги, од кои би ги издвоил супер брзите пратки во Скопје и услугата достава на пратката во ист ден низ градовите во државата.
Како ја оценувате работата на асоцијацијата за е-трговија?
Игор: Кога би требало да ја оценам работата на асоцијацијата слободно можам да кажам дека е повеќе од добра (одлична). Верувам дека многу малку луѓе знаат дека нашата асоцијација, каде со гордост сакам да истканам дека ние сме членови е водечка и во регионот. Целосно посветени се на промоција, едукација и подршка на е-трговијата и тоа го правата на транспарентен начин, а и вадат најдобри статистички анализи. Секако треба да се напомене и одличниот годишен настан што го организира Асоцијацијата со светски водечки имиња од овој бизнис и огромен број на поситетите, каде ние во континуитет сме учесници и даваме подршка на настанот. За оваа година покрај редовната подршка на Асоцијацијата сме и спонзори на настанот, а и дополнително доделуваме награда на учесниците на самиот настан и уште имаме и дополнителен пакет со значаен попуст од 30% пониска цена за достава за почетниците во е-трговијата и промоција на истите. Ова последново е со цел да ги охрабриме почетниците од старт кога е најнеопходна подршката.
Како е Вашето мислење на примената на новите технологии и вештачката интелигенција во процесите на online тргувањето?
Игор: Со сигурност може да констатираме дека иднината и развојот на е-трговијата лежи во примената на вештачката интелигенција и новите технологии. Во светот во многу држави се повеќе се применува, кај нас за сега е слабо застапено, но без сомнение тврдам дека во најблиска иднина ќе си го завземе своето место и примена бидејќи сите знаеме каква е состојбата со работната сила и професионалниот однос. Кај доставата како составен дел од е-трговијата има огромен недостиг од примена на нови технологии, кои веќе се применети во развиените држави и даваат одлични резултати. Во нашиот план и развој работиме на имплементација на pudo технологија (пост боксови), внесување на автоматизирано селектирање и обележување на пратки, комплетна дигитализација на компанијата, водедување на најсовремени алаткти за електронско плаќање и работиме на имплементирање на вештачка интелигенција во секторите каде е применливо, како на пример во грижата за корисници (custom care) и на други места каде што има можност. Ние сме убедени дека иднината е во примена и имплементација на нови технологии и вештачка интелигенција и тоа ќе го следиме и ќе се обидеме да го применуваме секаде каде ќе имаме можност.