fbpx
+389 78 58 44 48
info@ecommerce.mk

Новости

Instagram воведува нов feature: аналитика за Reels & Live

Instagram развива нов и подобар увид за аналитика за Instagram Reels и Instagram Live.

Во нивното соопштение, Instagram изјави дека оваа голема надградба ќе обезбеди „креаторите и бизнисите да разберат како се одвива објавата на нивната содржина“.

Како дел од новиот update, Instagram сега ќе прикажува детална анализа за Reels и Live:

Аналитика за Instagram Reels

За Reels, корисниците ќе можат да гледаат нови метрички вредности, вклучувајќи Plays, Accounts Reached, Likes, Comments, Saves и Shares.

Извор: Instagram

Метриките ќе бидат достапни и во табот ‘Instagram Insights’ и за индивидуални Reels.

Аналитика за Instagram Live

За Instagram Live, корисниците сега ќе можат да го видат бројот на профили кој го достигнал нивниот live, најмногу истовремени гледачи , коментари, и споделувања.

Извор: Instagram

Во прилог на овие вредни дополнителни податоци, Instagram го ажурираше искуството на Instagram Insights.

Новиот формат на Insights вклучува нови поделби на податоците што обезбедуваат транспарентност за тоа какви видови на кориснички профили достигнуваат бизнисите и кои формати на содржина се најефикасни за поголем ‘reach’:

Извор: Instagram

„Знаеме дека е важно разбирањето повеќе за тоа како се дистрибуира содржината“, објасни Instagram.

„Инспирирани сме од начините на кои нашата заедница ги прифати овие формати на содржини (Reels & Live) и сакаме да се осигураме дека креаторите и бизнисите можат да разберат како се одвиваат објавите на нивните содржини“, додаваат тие.

Како да пристапите до аналитиките за Instagram Reels и Live

Instagram Insights е достапен само за Business и Creator кориснички профили.

За пристап до Instagram Insights, притиснете на копчето „Insights“ на вашиот профил. Оттука, ќе можете да пристапите до 30 дневна анализа за вашите објави: Instagram Feed Posts, Stories, Reels, IGTV видеа и Live видеа.

Извор: Instagram

За да видите како работи специфичен Instagram Reel, посетете го табот Reels на вашиот профил и отворете еден Reel.

Оттука, притиснете на иконата со три точки во долниот десен агол на екранот и изберете “Insights”.

Ако поминало доволно време, ќе можете да видите детален преглед на перформансите на вашиот Instagram Reel. Толку е едноставно!

Разбирањето на вашата Instagram аналитика е првиот чекор кон градење на најдобрата стратегија за содржина за вашиот бизнис или личен бренд – и со овие ажурирања, имате уште повеќе достапни информации.

Извор: Later

Post a comment