Ги бираме најдобрите во е-трговијата за 2022! 🏆

Започна пријавувањето за најдобрите е-продавници во Република С. Македонија за 2022 година

По втор пат го организираме овој избор со кој ќе ги наградиме и препознаеме најдобрите во е-трговијата во нашата земја за 2022 година. Најдобрите македонски е-трговци ќе се одбираат во 23 категории поделени во три секции: “Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање”,  “Најдобри е-продавници по сектори” и “Шампиони во е-трговија”. Дел од категориите за кои што можат да се номинираат е-трговците се: “Најпопуларна е-продавница”, “Е-продавница на годината за храна и пијалоци на годината”, “Е-трговец со најдобра грижа за корисници”, “Најдобра е-продавница со меѓународна продажба” итн., а главната награда е резервирана за категоријата “Е-трговец на годината”.

„​​Целта на наградите не е само да се истакнат најдобрите е-продавници, туку и целокупна промоција на е-трговијата и подигнување на свеста за нејзиниот потенцијал. Натпреварот ќе придонесе и за зајакнување на конкурентноста и охрабрување и мотивирање на е-трговците за подобрување и унапредување на нивното работење“

Процесот на избирање на најдобрите се прави во пет фази, а започнува со прибирање на пријави и номинации на е-трговци. Номинирањето и пријавувањето на е-трговците е бесплатно и може да се направи заклучно со понеделник, 13 јануари, до 23:59 часот преку официјалната веб страница на наградите – www.ecommerceawards.mk. По номинирањето следува проверка на апликациите и објава на номинираните компании. За номинираните компании кои ќе бидат јавно објавени на официјалната веб страница ecommerceawards.mk ќе може да се гласа електронски, согласно утврдената методологија за гласање и прогласување на победниците, која е јавно објавена во рамки на Правилникот за наградите за е-трговија. Свечениот настан за доделување на наградите на најдобрите македонски е-трговци за 2022 година ќе се оддржи во март 2023. 

Инаку, на првите награди за е-трговија беа номинирани над 150 е-трговци, за кои гласаа повеќе од 5000 гласачи и стручна жири комисија. Свечената манифестација за доделување на првите македонски награди за е-трговија за 2021 година “Ecommerce Awards”се одржа во присуство на членките на АЕТМ, поддржувачите и партнерите, жири комисијата и наградените е-трговци, а целиот настан изобилуваше со богата забавна програма составена од бројни домашни актери и уметници и на истата беа доделени 30 награди во вкупно 18 категории.

Иницијативата “E-commerce Awards 2022” е поддржана од Мастеркард како генерален партнер и од Германското друштво за меѓународна соработка GIZ како главен поддржувач, а дополнително заинтересираните компании кои сакаат да придонесат во организацијата на оваа иницијатива ќе имаат можност да се вклучат како поддржувачи. 

Повеќе информации за правилата за учество и номинирањето на е-трговците се достапни на официјалната веб страница: ecommerceawards.mk.