Новости од е-трговија

Facebook воведува нов tab за шопинг – исто како и Instagram

Facebook воведува нов tab во својата апликација Facebook Shop. Компанијата воведе сличен tab на Instagram во јули откако ги објави Facebook Shops во мај – опција за претворање страници во продавници.

Идејата на компанијата за социјални медиуми е да понуди онлајн пазар за креатори и бутици со цел да обезбеди лесен начин за водење на еден бизнис. Претходно на Facebook можевте да ги видите овие страници како продаваат предмети што можеби ве интересираат, но можеби нема да одите на нивната веб-страница и да ги купите. Сега, можете да го направите сето тоа директно преку Facebook апликацијата.

Тимот за вештачка интелигенција на Facebook примени различни модели на оваа услуга, вклучувајќи компјутерска визија за категоризирање на секој производ со идентификација на брендот, бојата, дизајнот и стилот. Значи, ако барате одреден производ со одредена боја, можете да добиете точни резултати.

Заедно со ова, компанијата воведува повеќе алатки со цел бизнисите да ги прилагодат своите страници преку Facebook Shops, како што е новиот layout за прикажување на единечни или група производи, страница за нови сознанија и метрики, и преглед на дизајнот на колекции во реално време.

Плус, компанијата проширува поддршка за Checkout на Instagram и Facebook низ САД. Checkout е алатка која им помага на луѓето да купуваат директно преку Instagram или Facebook без да ја напуштат апликацијата. Исто така, Checkout ги зачувува вашите информации за плаќање за да не треба да ги внесувате повторно.

Социјалната мрежа воведува поддршка и за разговор со бизнисите на Facebook Shops преку Messenger, Instagram Direct или WhatsApp. Се наведува дека иако во моментов Facebook ја тестира само функцијата со Messenger и Instagram Direct, наскоро ќе биде додадена опција за WhatsApp.

Во Индија, Facebook неодамна соработуваше со Reliance Jio за да им дозволи на купувачите да нарачуваат намирници преку WhatsApp.

Facebook преку својата студија забележа и посочи дека 85% од луѓето ширум светот купуваат онлајн поради пандемијата covid-19. И испорачувањето на нови функции за купување значи дека барем некои од оние луѓе кои живеат во САД би можеле да купат производи преку Facebook.

Многу брендови имаат значително присуство на социјалните медиуми Facebook и Instagram. Воведувањето на оваа нова опција со која клиентите лесно ќе можат да ги разгледуваат производите на овие брендови и ќе купуваат производи без напуштање на платформата е голем напредок за Facebook.

Сите овие нови карактеристики започнаа да се шират низ САД од 25ти август .

Извор: The Next Web