Естонија ќе ѝ помага на земјава да се дигитализира

Предвидена е и размена на експертиза и искуства при развојот на алатките за комуникација за подигање на јавната свест во однос на примената на ИТ-технологии во земјава

Естонија ќе го сподели своето искуство од дигитализацијата ѝ ќе и помагне на Северна Македонија да го стори истото во повеќе области.

Како што информираше Владата, на денешната редовна седница е одобрено склучувањето на Меморандум за разбирање меѓу Секретаријат за европски прашања на Владата на Република Северна Македонија и Естонскиот центар за меѓународен развој во областа на дигитализацијата и е-управување.

Со Меморандумот со Естонија, којашто е лидер во дигитализацијата и е-управувањето, се дефинираат областите на соработка, и тоа: Мапирање на моменталната состојба во однос на дигитализацијата и е-управувањето во Република Северна Македонија;  Подготовка и предлагање решенија за подобрување на правната, рамката на политики и институционалната рамка за дигитализација и е-управување во Република Северна Македонија; Размена на експертиза и искуство во однос на моделите за интероперабилност и дигитализација на јавните услуги помеѓу страните; Студиски претстој во Естонија за претставници од јавните институции од Република Северна Македонија; Помош при развој и спроведување на посебно ИТ-решение во Република Северна Македонија; Поддршка при осмислување и испорака на обуки неопходни за спроведување на ново решение со цел управување со промените во Република Северна Македонија, како и размена на експертиза и искуства при развојот на алатките за комуникација за подигање на јавната свест во однос на примената на ИТ-технологии во Република Северна Македонија.

 

Поврзани содржини