Со овој настан сакаме да го најавиме сериојалот на E-commerce Afterwork сесии кои ќе се случуваат еднаш во месецот, а имаат за цел да ги едуцираат засегнатите страни за можностите кои се нудат со цел подобрена е-трговија!
Првиот ваков настан го организираме заедно со Царинска управа и темата на истиот ќе биде: „Со извоз до поголема конкуретност на е-трговците. Што треба да знаат сите потенцијални извозници во е-трговијата?”, а со подршка на Фонд за Иновации и Технолошки Развој.
Овој настан е наменет за сите е-трговци и компании кои што продаваат или сакаат да ги продаваат своите производи на странски пазари, како и за сите оние кои сакаат неформално да се запознаат со е-трговците во нашата земја.
Настанот ќе се одржи во понеделник, 16 декември, со почеток од 16 часот, во просториите на Фондот за иновации и технолошки развој (ГТЦ, I кат).
Учеството е бесплатно и потребно е само да се регистрирате на следниот линк: http://bit.ly/2LsQ7tg
*Бројот на учесници е ограничен.
Детална агенда:
16:00 – 16:05 |
Отворање на настанот |
16:00 – 16:15 |
Презентација на моменталната состојба на извозот во С.Македонија
-
- Ѓоко Танасоски – Директор на Царинска управа
|
16:15 – 17:00 |
Панел дискусија на тема „Извозни постапки и давачки за е-трговците”
-
- Златко Ветеровски – Помошник директор на Сектор за царински систем, Царинска управа
- Офелија Бајо – Началник на Одделение за царински и даночни постапки, Царинска управа
- Марина Антова – Продажен супервизор во DHL Express Macedonia
- Драги Цветковски – Маркетинг директор во Македонска Пошта АД Скопје
- Џино Шкријељ – Извршен директор во Falcon Logistic
* Модератор: Виктор Стојкоски, Генерален секретар на АЕТМ
|
17:00 – 18:00 |
Networking дружење! |
Post a comment