Новости од е-трговија

Царинската управа од денес функционира целосно електронски и бесхартиено за спроведување на извозна царинска постапка

Царинската управа преку дигитализацијата, односно со воведување на новиот Систем за обработка на царинските декларации и акцизните документи (СОЦДАД) овозможува создавање на услови за бесхартиено царинско работење кое значително го намалува времето на поднесување на декларации. Со самото тоа се поедноставува процесот и се намалуваат трошоците, информираат од Царинската управа.

“Земајќи во предвид дека бесхартиеното поднесување на царински декларации е од големо значење во овој период, кога сите преземаме мерки и активности за заштита и превенција од ширење на болеста COVID-19, спроведувањето на извозна царинска постапка од денес ќе биде целосно електронско и без хартија”, велат од Царината.