Covid-19 го забрза преминот кон е-трговија за 5 години, вели IBM

Како што пандемијата го преобликува нашиот свет, се повеќе потрошувачи започнаа да купуваат преку Интернет во поголем број и фреквенција. Според новите податоци од U.S. Retail Index на IBM, пандемијата го забрза пренасочувањето од физички продавници кон дигитално купување за околу пет години.

Стоковните куќи, како резултат, забележуваат значителен пад. Во првиот квартал на 2020 година, продажбата на стоковни куќи и оние трговци чии производи не беа од суштинско значење се намалија за 25%. Овој пад се зголеми на 75% во вториот квартал.

Извештајот посочува дека стоковните куќи се очекува да опаѓаат за над 60% за целата година. Во меѓувреме, за е-трговијата се предвидува дека ќе порасне за скоро 20% во 2020 година.

Пандемијата, исто така, помогна да се одреди за кои категории на производи потрошувачите сметаат дека се неопходни, покажа студијата. Важноста на облеката, на пример, опаѓаше бидејќи повеќе потрошувачи започнаа да работат и школуваат од дома, како и поради социјалното дистанцирање согласно со препораките на владата. Сепак, другите категории, вклучувајќи намирници, алкохол и материјали за подобрување на домот, процентуално се зголемија за 12%, 16% и 14%.

Total 202 projected growth

Извештајот сугерира дека трговците при стоковните куќи треба побрзо да се свртат кон можностите за продажба преку повеќе канали со цел да останат конкурентни во новото опкружување. Поточно, тие ќе треба да креираат сообраќај до нивните продавници преку услуги како што се купување преку Интернет и преземање на производите од продавница (BOPIS).

Големите трговци како Walmart и Target ја прифатија можноста за продажба преку повеќе канали како шанса за огромна полза. Двата гиганти пријавија огромни заработки овој месец благодарение на нивните претходни инвестиции во е-трговија. Во случајот на Walmart, пандемијата помогна да се зголеми продажбата на е-трговија за 97% во последниот квартал.

Target постави рекорд на продажба бидејќи нивните same-day услуги пораснаа за 273%. И Walmart и Target инвестираа во концептот за купување намирници преку Интернет, со тоа што Walmart денес нуди услуги за подигање и доставување намирници со помош на партнери за логистичка поддршка.

Амазон, природно, исто така има корист од преминот кон онлајн купување со неодамнешниот рекорден квартален профит и 40% раст на продажбата.

Растот на е-трговијата како резултат на пандемијата постави висока граница за она што сега се смета за основен раст. Според извештајот Q2 2020 на U.S. Census Bureau, е-трговијата во САД достигнала 211,5 милијарди долари, што е за 31,8% повеќе од првиот квартал и 44,5% од година во година. Е-трговијата исто така учествуваше со 16,1% во вкупната продажба на мало во вториот квартал, од 11,8% во првиот квартал на 2020 година.

Прашањата на кои извештајот на IBM има за цел да ги одговори е колку од ова трошење на Интернет ‘инспирирано’ од пандемијата е привремена промена од физички кон онлајн продавници, и во колкава мера влијае на долгорочните прогнози?

Одговорот, барем од овој извештај, е дека оваа пандемија го забрза преминот кон оваа индустрија за пет години. Оддалечувањето од физичките продавници веќе беше во тек, но сега скокнавме напред со време за тоа каде би се наоѓале доколку не се случеше здравствена криза.

Извор: World Economic Forum