Ова седмо издание на анализата за е-трговија на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, и второ објавено на англиски јазик, ја проширува својата перспектива надвор од Северна Македонија за да го опфати целиот регион на Западен Балкан – вклучувајќи ги Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.
– Пазарна големина и потенцијал за раст (2025–2029) – Детална проценка на вредноста на е-трговијата и проекции за раст низ Западен Балкан.
– Онлајн купувачи и навики на населението – Колку луѓе купуваат онлајн, што купуваат, колку често и како се менуваат нивните дигитални навики.
– Интернет употреба во регионот – Дневни навики, активности, цели за користење интернет и разлики меѓу земјите.
– Бариери „зад кликот“ – Кои се главните причини поради кои корисниците не купуваат онлајн — доверба, испорака, плаќања, информации.
– Дигитални финансиски услуги – Употреба на онлајн осигурување, кредити, инвестиции и дигитални алатки за финтек развој.
– Е-влада и пристап до јавни услуги – Податоци за пристап до регистри, лична документација, поднесување барања и онлајн интеракција со институции.
– Е-трговија кај претпријатијата – Инсaјти од Balkan Barometer 2024 за тоа колку компании продаваат онлајн и колкав дел од приходите доаѓа од е-трговија.
– Дигитална подготвеност на економиите – Анализа според Postal Development Index, Network Readiness Index и AI Preparedness Index.
– AI и е-трговија: нови можности – Како се испреплетуваат развојот на е-трговијата и подготвеноста за вештачка интелигенција.
– Клучни предизвици и шанси за регионот – Сумирани резултати и области за акција за политики, институции, бизниси и инвеститори.
Ова шесто издание кое ја анализира состојбата со е-трговијата на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, а прво на англиски јазик го проширува фокусот од претходните извештаи кои беа концентрирани само на Северна Македонија, за да го опфати целиот регион на Западен Балкан, вклучувајќи ги Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Изработен од Македонската асоцијација за е-трговија и поддржан од НЛБ Групацијата, извештајот нуди детална анализа за состојбата и трендовите на е-трговијата во овие пазари. Преку секундарни податоци и споредбена анализа, се оценува растот во изминатата година и се споредува со поразвиените европски пазари. Примарното истражување ги истакнува предизвиците со кои се соочуваат е-трговците во регионот, мапирајќи ги бариерите и пречките за да се поддржат информирани активности.
Анализата на прогресот на е-трговијата во балканските земји е направена со помош на податоците од Еуростат, каде што анализиран е напредокот во однос на претходната година, но и во однос на европските земји за користењето на интернетот, за активностите кои се прават на интернет, колку се користи интернетот за онлајн купување, што и од каде се купува онлајн? Направена е и анализа на вредноста и бројот на напарвените трансакции со платежни картички од Македонци и странци, кон домашни и странски интернет продажни места за Република Северна Македонија. Користени се податоците на Народната Банка на Република Северна Македонија за бројот на интернет продажни места. Направена е и емпириска анализа за уникатниот број на активни е-трговци од страна на АЕТСМ. Анализирана е и искористеноста на потенцијалот за раст на е-трговијата.
* Истражувањето за електронска трговија во С. Македонија во 2019 година е реализирано од Асоцијација за е-трговија на Северна Македонија, Агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД и Бонитетната агенција Таргет Груп.