Биди дел од настанот SheCommerce – Иновирај и инспирирај: започни со своја е-продавница

Не пропуштајте ја уникатната можност да научите како да го развиете сопствениот бизнис со отворање на е-продавница од едни од најуспешните претприемачки во Македонија! Сакате да се информирате бесплатно за сите работи поврзани со е-трговијата и со какви предизвици можете да се соочите низ овој процес?

Учествувајте на панел дискусијата и дознајте ги сите можности што е-трговијата ги нуди за амбициозните претприемачки. Дополнително, дознајте кои сѐ услуги ги нуди ЦЕЕД Клуб на жени претприемачи и менаџери за подобрување на вашите лични менаџерски способности или работењето на вашата фирма.

По повод меѓународниот ден на жената, Цеед Хаб Скопје и Асоцијација за е-трговија на Македонија Ве канат на бесплатна онлајн панел дискусија со жени во е-трговијата, која ќе ги одговори сите овие прашања! Настанот ќе се одржи на 9.03.2021 год (вторник) во 18:00.

Покрај начинот на основање е-продавница и придобивките на платформата eCommerce4all , ќе имате прилика да извлечете поуки од едни од најуспешните приказни за електронски бизниси во нашата земја и да се запознаете со услугите што ЦЕЕД Хаб Скопје ги нуди преку Проектот за подобрување на вештините на жените претприемачи и менаџери, поддржан од американската амбасада.

На настанот ќе се обрати претставник од американската амбасада и претсетдателката на АЕТМ – Нина Ангеловска. На панел дискусијата, заедно со четири успешни жени од бизнисот со е-трговија во нашата земја, ќе разговараме за нивното искуство, успеси, падови, интересни приказни, но и за предизвиците со кои се соочувале при растот на нивните онлајн бизниси.

Целта на панел дискусијата е мотивација и инспирација на што повеќе жени да тргнат по патот на отворање на нови онлајн бизниси. Учесничките во панел дискусијата се:

– Теодора Филовска, сопственик на Vrootok – дигитална маркетинг агенција и Galeksia – Институт за Дигитален Маркетинг

– Александра Евтимова, сопственик на mitra.mk

– Даница Личанин Блажеска, сопственик на reptilmarketi.mk

– Билјана Божиновска, сопственик на annifarm.com.mk

Резервирајте го вашето присуство на овој линк.